Бугарскиот тенисер Григор Димитров со елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Мадрид приреди вистинска сензација.
Бугарскиот тенисер Григор Димитров со елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Мадрид приреди вистинска сензација. Бугаринот за нешто повеќе од три часа игра го победи светскиот рекет број 1 со 7:6, 6:7, 6:3.
Димитров во Мадрид го одигра сигурно најдобриот меч во кариерата, ги надмина проблемите со грчевите кои ги имаше кон крајот на вториот сет и заслужено стигна до победата.
Ѓоковиќ, од друга страна делуваше непрепознатливо, во ниту еден момент не можеше да влезе во посакуваниот ритам, а згора на тоа имаше и проблеми со публиката.
„Не разбирам зошто беа против мене, не ја знам причината. Но јас сум професионалец ова не ми се случува по прв пат“, рекол Ѓоковиќ.
Публиката се сврте против Ѓоковиќ во вториот сет кога тој побара медицински тај аут. Во тој момент Димитров имаше предност од 4:2, а Ѓоковиќ имаше две брејк топки, една подоцна искористи и намали на 4:3.
„До саботата воопшто не знаев дали ќе играм поради повредениот зглоб. Единствена добра работа е што не ја влошив повредата. Не бев добро подготвен, не барам оправдување за поразот, едноставно Димитров беше подобар“, рекол Ѓоковиќ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град