Паднаа првите казни на Светското првенство во хокеј

Норвешката хокеарка репрезентација ќе биде без услугите на Оле Кристиан Толефсен и Мариус Холтет на дуелот со Канада, откако и двајцата заработија казни од дисциплиснката комисија на овој Светски шампионат.

 |  Голабовски Крсте  | 
hokej
хокеј

Норвешката хокеарка репрезентација ќе биде без услугите на Оле Кристиан Толефсен и Мариус Холтет на дуелот со Канада, откако и двајцата заработија казни од дисциплиснката комисија на овој Светски шампионат.

Овие хокеари се казнети поради два одделни инциденти на натпреварот со Данска. Првиот инцидент се случил во првата третина (14:10) кога Толефсeн стартувал над Микел Бодкер по што овој заработил мала повреда.

hokejВториот Данец, Даниел Нилсен помина полошо во дуелот со Холтет и најверојатно поради изместување на рамото ќе го пропушти остатокот од првенството. Оваа незгода се случи во вториот период (5:59).

Дисциплинската комисија по разгледувањето на снимките одлучи овие два хокеари на Норвешка да ги казни со тоа што Толефсен и Холтет нема да можат да настапат на дуелот со Канада. Дуелот на овие два скандинавски земји им припадна на Норвежаните (3:2).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top