Одзивот беше минимален.Видео надзор во училиштата, ангажирање агенции за обезбедување како и отварање на поголеми образовни капацитети, ова се само дел од препораките за да се надминат меѓуетничките конфликти во струшките училишта.
Одзивот беше минимален.Видео надзор во училиштата, ангажирање агенции за обезбедување како и отварање на поголеми образовни капацитети, ова се само дел од препораките за да се надминат меѓуетничките конфликти во струшките училишта.
Во градот неопходно е отварање на нов културен центар, повеќе вработувања, како и организирање различни активности за надминување на пороците на денешницата. Ова меѓу другото е предвидено во „Локалниот акционен младински план“ за град Струга, во период од 2009 до 2012 година. Истиот денес беше на разгледување и расправа пред стружани , но за жал одзивот беше минимален.
Симон Алексиески, советник при советот на о.Струга, го поздрави планот и даде позитивно мислење за неговата содржина.
На јавната расправа околу Локалниот акционен младински план за град Струга, директорката на „Здравствен дом“, укажа на реалната потреба од изградба на нова ваква институција. Сега постоечкиот објект е стар над 60 години и неопходна е интервенција, вели директорката. Смета дека Локалниот акционен младински план би можел да допринесе кон реализирање на оваа идеа.
„За оваа идеа се информирани Министерството и Фондот за Здравство но сепак поразлично е доколу идеата произлезе и е подржана на локално ниво“-вели Вера Попоска, директор на ЈЗУ „Здравствен Дом“.
На јавната расправа остана енигмата, Зошто Локалниот акционен младински план за Струга го изготви охридска невладина организација а не струшка.
Дали истиот е добро изготвен крајниот збор ќе го каже советот на општина Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град