Тоа ќе значи можност за промовирање на нашите, заедно со националните паркови од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија како единствена туристичка понуда.
Националните паркови „Галичица“, „Маврово“ и „Пелистер“ ќе бидат „Динарски паркови“.
Овој голем, меѓународен проект, под една капа ќе ги стави вкупно 75те национални паркови и паркови на природата од поранешна Југославија, плус Албанија. Главната цел е вмрежување на парковите, нивно брендирање и нивна подеднаква промоција во светски рамки. Новата поврзаност помеѓу парковите која треба да ја обезбеди овој проект, понатака ќе треба да значи работење и на други вакви и слични проекти и во иднина, обуки на вработените и воедно поголемо и подобро искористување на парковите во туристички цели. Огнен Достиноски од секторот за одржлив туризам и еколошка едукација на НП „Галичица“, објаснува што всушност значи проектот „Динарски паркови.“
„Сите паркови кои се паркови на Динаридите ќе се нудат на светската туристичка карта како една целина. Што тоа значи? Бидејќи овој простор има неопишлива убавина на регионот, потоа има широк биодиверзитет, најголемиот кањон во Европа е на овој простор, најголемата прашума во Европа исто е на овој простор, значи има многу природни карактеристики, многу култура, многу историја, многу традиции кои досега за жал не беа така, во еден таков состав, каде што можеа да конкурираат на големите светски туристички дестинации како Алпите, Карпатите или други јужноамерикански предели кои се заштитени.“-вели Огнен Достиноски од Националниот парк „Галичица“.
Во моментов тече и промотивната кампања за овој проект. На сите национални телевизии од споменатите држави како и на други светски телевизии меѓу кои и Нешнл Џиографик и Фокс оди промотивното видео за „Динарските паркови“.
„После завршувањето на оваа првична кампања во Македонија ќе имаме чест да ни бидат гости вработените од парковите на Динаридите од земјите кои ги споменав, и ќе имаме можност нашите паркови, македонските, меѓу кои и „Галичица“ да ги претставиме пред телевизиски екипи од регионот. Ќе има снимање на филмови и други пропратни работи, аудио и видео кои понатака ќе се претставуваат по телевизиите во регионот и во светот.“-рече Достиноски.
Гостувањето на странските телевизиски куќи ќе се случи во месец Јуни, по што ќе следат работилниците во врска со користа од заштитените подрачја. Ова е втора година од проектот „Динарски паркови“ во која Македонија ќе биде домаќин на претставниците од останатите земји вклучени во проектот.
Инаку во промоцијата на „Динарските паркови“ веќе се вклучени и претседателите на Хрватска и Словенија, Иво Јосиповиќ и Борут Пахор како и музички ѕвезди од двете земји.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град