Започна расчистувањето на депонијата од градските гробишта.
Бетонски корпи за отпадоци, камења, градежен шут, остатоци од улично осветлување, лимови…. се само дел од матријалот кој години се трупал на градските гробишта. Интерсно е што дел од овој шут се и гранитни плочи, доста скап матријал кој очигледно некој наместо да го искористи, се ослободил од него фрлајќи го.
Оваа мини депонија повеќе од очигледно му смета на новото раковоство на јавното претпријатие. Вршителот на должност директорот на Ј.П. Градски Гробишта Зоран Симоноски поради службени обврски не успеавме да го најдеме и да го консултираме за она што го затекна во ЈП превземајќи ја функцијата, но во кусиот телефонски разговор само ни рече дека состојбата во ЈП е хаотична. За она што се работи во ЈП Градски гробишта коментар побаравме и во локалната самоуправа. Од таму ни изјавија дека депонијата во склоп на гробиштата е само една од неколкуте, кои се направени од минатата локална власт при зафатите вршени во предизборни цели. Од таму додаваат дека веќе се превземени иницијативи за расчистување на сите депонии вклучувајќи ја и оваа и дека се продолжува со интензивно подобрување на комуналната слика на Општина Охрид во пресрет на престојните празници и летната туристичка сезона.
Денеска повеќе од очигледно дека интензивно се средуваше просторот во гробиштата. Се чистеше некогашниот магацинкиот простор, каде како доказ дека постоел беше само остатокот од металната конструкција. На ова место за скоро време повторно треба да се направат нови метални полици, по што точно ќе се групираат матријалите и точно ќе се знае што влегува, а што излегува како матријал од ова ЈП.
Градежна механизација го расчистуваше и северниот пат према селото Лескоец, еден од основните патови кој скоро две години не беше во функција поради натрупаниот шут на него.
Според динамиката со која се работи, градежните работи и средувањето на просторот треба да завршат до пред велигденските празници. Дознаваме дека утре својот дел во целост треба да го завршат и екипите на МЈП Проаква и ЈП Ниско градба.
Градските гробишта според најавите треба да добијат нов лик и со хортикултурното уредување на парковите кои последниве години беа потполно запуштени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град