Недела на солидарност

Храна, облека, обувки, постелнина, детски играчки и парични средства Црвен крст од Охрид  собира по повод неделата на солидарност. Дел од средствата ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства, а дел за младата Ангела која има сериозен здравствен проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 
volonterka
волонтерка

 

Под мотото „Вашиот прилог-значајна помош“ од 22 до 30 април се одбележува неделата на солидарност. Традиционално, Црвен крст од Охрид по тој повод  организира акција за собирање храна, облека, обувки, постелнина, детски играчки и парични средства. Мимоза Ставрева-координатор за организациско-стручни работи, вели дека охриѓани секогаш биле хумани па сигурно и овојпат нема да се штедат и ќе донираат.акција

Донирањето на парични средства може да се направи со пополнување на посебни талончиња кои волонтерите на ЦК ќе ги делат од врата на врата. Оваа година главен покровител на акцијата се маркетите Стоп шоп. Во нивните маркети од 24 до 30 април од 15 до 16 часот волонтерите на сите купувачи ќе им делат талончиња за донирање парични средства. Младен Божиновски-младински координатор ВО Ц. К. Вели дека 45 од прометот на маркетите Стоп шоп кој ќе се направ во овие два дена ќе биде одвоен за хуманитарни цели.

Дел од собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства, а дел за младата Ангела која е матурантка и има сериозен здравствен проблем па и се потребни средства за лекување.

Од Црвен крст апелират до сите хумани граѓани да донират што повеќе средства затоа што нивното малку за некого значи многу.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top