Љубителите на пишаниот збор, денес го слават светскиот ден на книгата

Со убави, шарени корици или непривлечни и сосема обични, најголемите богатства, книгата ги крие помеѓу нејзините страници. Некогаш и некаде најбарана, а сега и овде, за жал многу помалку.

 |  Мишел Наумоски  | 
knigi
книги

Некогаш таа беше најверен пријател на човекот. Книгата, со сите свои богатства, мистерии, пораки и поуки, напишана на многу или помалку страни, но секогаш со подеднаква страст, со подеднаква љубов. Некогаш и некаде, далеку од овде, книгата е најбараното богатство, но сега и овде, кај нас, за жал многу помалку.

knigiДенес, на Светскиот ден на книгата, можеме барем накратко да се потсетиме дека таа е сеуште тука и ја чека својата публика да ги открие нејзините тајни. Но и многу повеќе. Постарата генерација носталгична по старите вредности, барем засега е најверен читател.

„Ние како книжара секогаш се придружуваме кон акциите за популаризирање на книгата и се надеваме дека сепак во иднина ќе станува се поинтересна за младите читатели пред се. Оние кои што си ја сакаат книгата и пораснале со неа, секогаш се заинтересирани безразлика дали е нешто бестселерско ил ие нешто со трајна вредност.“-вели Љубинка Затаракоска од книжарата „Просвета“.

Затаракоска вели дека за среќа кај младата популација полека се јавува интерес за читање на книги надвор од лектирните изданија кои им се за училиште. Директорката на НУ „Градска библиотека Григор Прличев“, Александра Белеска пак, вели дека живнува желбата кај младите да доаѓаат и да позајмуваат книги, за разлика од порано.

biblioteka den na knigataЕве што тие, а што повозрасните читатели најчесто бараат.

„Јас сум изненадена колку е посетена библиотеката. Членството е огромно, значи би напоменала дека децата бараат нормално лектирни изданија кои ги имаме во доволно голем број. Минатата година ние комплетниот книжевен фонд во областа на лектирите го обновивме. Покрај лектири бараат и детска литература. Би сакала да напоменам дека набавивме многу сликовници, енциклопедии, двојазични, обично се на македонски и англиски јазик. Возрасните читатели бараат книги, романи претежно. Најбарани сеуште се Винка Саздова со „Последниот чај“, а многу баран е и Венко Андоновски.“-вели директорката на НУ „Градска библиотека Григор Прличев“, Александра Белеска.

Инаку Градската библиотека, Светскиот ден на книгата го одбележа оддавајќи му почит на академик Блаже Конески, автор, писател, лингвист, прозаист, основоположник на Македонската академија на науките и уметностите и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Во рамките на свеченоста едноставно наречена „Сеќавање на Блаже Конески“, избрани песни читаше Маринела Јовановиќ, а за Конески проговори, писателот Тоде Илиески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top