Започна со работа новиот дел на општата болница

Започна со работа Охридската општа болница.

 |  Маленкова Татјана  | 
opsta bolnica
општа болница

Денеска видно раздвиженост во хируршката амбуланта од пациенти, доктори и останат медицински кадар. Директорот на општата болница д-р Љубен Арнаудов признава дека деновиве направиле максимални напори за да се преселат од Струга и старите привремени амбуланти, но добрата организација помогнала  во рекорден рок да се формираат сите амбуланти и одделенија во новиот блок.

„Од денеска почна да работи хируршкото одделение, гинеколошкото, одделението за уво, нос и грло, opsta bolnicaгинекологија и операционите сали.  Сме во една од прориите на хируршкото одделение каде се гледа дека се е комплетно опремено, по најнови стандарди и висок степен на хигиена. Очекуваме уште два контејнери со поситен инвентар, кој беше планиран но се снајдовме  со некои работи кои беа добри од старата болница ги зедовме на користење се додека опремата не се докомплетира, а тоа треба да биде до среда, така да проблеми нема да има повеќе“, вели д-р. Љубен Арнаудов, директор на општата болница Охрид.

Новата општа болница има посебен оперативен блок, каде има четири операциони сали. Покрај овие, во општата болница има уште една уролошка сала и една на гинеколошкото одделение. Утрово на уролошкото одделение беше направен и првиот оперативен зафат.

Директорот вели дека болницата е добро снабдена со медикаменти, но дека се работи на зголемување на медицински кадар.

opsta bolnica

„Со лекарства  нема проблем така да се е покриено, беше и порано. Со персонал новите идејни решениеја ни покажуваат дека на одредени одделенија ќе има потреба од дополнителен персонал. Порано болницата немаше пулт со информативна служба, електронскиот систем ни е тука, ќе требаат и техничари, затоа што е од безбедносен карактер така да ќе мора 24 часа да се контролира, а тоа се работи во случај на пожари и други несакани последици“, вели д-р. Арнаудов.

opsta bolnica

Општата болница работи по нов режим кој важи за сите одделенија, а посебно за оперативниот блок. Менаџерскиот тим на болницата вели дека таму ќе работаат само докторите кои работат на тоа одделение, како и оние кои тој ден имаат закажан операционен зафат. „ Овој дел ќе биде строго забранет за пациентите од безбедносни причини, односно поради инфекции и поголема заштита“, вели Арнаудов.
Болницата има и нов систем за стерилизација кој е направен по највисоки светски стандарди и каде ќе се стерилизираат инструментите не само од охридската, туку и од болниците од регионов.

opsta bolnica

Од она што денеска го видовме повеќе од очигледно е дека Охриѓани можеби почекаа, но добија најсовремена општа болница , која со сигурност ќе ги задоволува потребите не само на Охриѓани, туку и на пациентите од регионот.     

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top