Парична казна за оние кои палат стрништа во рамките на НП

Два пожари за три дена во рамките на НП.

 |  Маленкова Татјана  | 
pozari NP
Пожари НП

Два пожари во изминатите три дена се евидентирани во строго заштитената зона на националниот парк Галичица. Благорение на брзата интервенција на службите на паркот и професионалната противпожарна единица од Охрид, пожарите биле веднаш изгаснати и не предизвикале поголема штета.

Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП Галичица, денеска преку пресс конференција упати Noveski - Prentovskiапел до жителите во Охрид и посебно до населението кое гравитира и останува во границите на паркот да внимаваат и одговорно да се однесуваат со природното богатство. Тој вели дека овој период имаше доста врнежи што придонесе за богата вегетација, а сега кога следи сушен период во НП стравуваат од пожари.

„ Почвиме со превземање на активности со денешниот останок што ќе го имаме со претставниците од ТТП од Охрид веќе се отштампани и решенија кои ќе биат поделени во сите месни заедници во НП, договараме состаноци со сите претседатели на МЗ малку и тие да поводат сметка. Она што ќе го предочиме пред населението е нешто што јас никогаш не сакам да го предочам, а тоа се казнени одредби. Бадијала ќе бидат и казни кои се од 1500 до 3000 евра за физичко лице, од 6000 до 8000 евра за правни лица“, вели Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП Галичица.

Новески додава дека казнените суми се многу ниски, спрема штетата која можат да ја направат пожарите. Како потсетување ја спомена 2007 год. кога изгореа 6000 до 7000 хектари од паркот. Новески апелира до населението да изнајдат начин како да го отстрануваат отпадот од уредувањето на земјоделските површини, затоа што палењето е строго забрането.
Кон апелите на НП се приклучија и од противпожарната служба. Командирот Спасе Прентовски направи споредба помеѓу настанатите пожари на отворено минатата и оваа година. Тој откри дека годинава во првото тромесечие имало помалку пожари посебно на отворен простор споредбено со првото тромесечие во 2012 год.

„Во првото тромесечие 2012 год. Имавме 79 pozari NPинтервенции од кои 73 беа во месец март, а сега во првото тромесечие имаме 78 интервенции. Во месец март минатата година  имавме 73 интервенции колку што имаме во ова тромесечие. Во 2012 год. 90% беа на отворен простор на подрачјето од потегот Подмоље, Градинар – Косносзглобна, СВ Еразмо, Охридско блато и Радојца Новичиќ“, вели Прентовски.

Командирот Прентоски додаде дека најголем дел од пожарите евидентирани во првите три месеци од 2013 година се на отворен простор, што како што рече, се должи на несоодветно палење на земјоделски отпад или депонии. Тој потенцираше дека како служба технички и тактички се подготвени да одговорат на предизвиците, но и апелираше до населението доколку палат стрништа добро да го обезбеди теренот и да ја информираат противпожарната служба за преземените дејствија.

Прентовски исто така, апелираше до граѓаните да не го злоупотребуваат бројот 193 за пријава на лажни пожари, со што се оневозможува навремена интервенција на единиците на места каде има вистински пожар.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top