Легло на расни кучиња на само неколку метри од училиште во Струга

Во атарот на О.У. „Јосип Броз Тито“ дел од училишниот двор е узурпиран од страна на приватно лице, кое одгледува кучиња. Родителите и раководните структури на училиштето реагираат и бараат надлежните институции да делуваат со цел проблемот во најбрз можен рок да биде надминат.

 |  Николоска Биљана  | 
josip broz tito
јосип броз тито

Стружанец одгледува кучиња во непосредна близина на О.У.„Јосип Броз Тито“.  Раководните структури на училиштето реагираат, а воедно упатуваат апел до надлежните институции, до кои биле испратени дописи за состојбата со која се соочуваат и да преземат мерки за безбедноста на учениците. Револтирани се и родителите на децата кои посетуваат настава во ова училиште. Денеска забележавме како голем дел од родителите ги чекаат своите деца, загрижени за нивната безбедност.
josip broz titoПошироката јавност и надлежните институции мора да бидат запознати со проблемот со кој се соочуваме околу одгледувањето на кучињата во непосредна близина на училишниот двор, вели Крсте Бунчески претседател на Совет на родители. Тој појасна за што точно станува збор.

„На сите последователни состаноци на Совет на родители како едни од поголемите проблеми ги нагласуваме со кучињата и осветлувањето. Проблемот со кучињата се провлекува подолг временски период, бидејќи не само што навлегуваат кучиња скитници туку во соседствот имаме легло на расни кучиња. А проблемот е тоа што дворот од северната страна не е ограден“-изјави Бунчески.

Нерегулираните имотно правни односи околу училишниот двор, ни претставуваат пречка за реализација на неколку проекти вели Васил Бачоски, претседател на улилишниот одбор на О.У. „Јосип Броз Тито“

josip broz tito„Имаме добиено голем тендер кој што сакаме да го реализираме. Пречката за таа реализација е не додефинирани имотно правни односи, иако според нашите сознанија и според сите катастарски извештаи имотно правните односи се чисти, останува само надлежните институции да преземат соодветни чекори за да можеме да пристапиме кон оградување на дворното место“.

Реагираат и наставниците од оддленската настава. „Се соочуваме со проблеми немаме соодветна ограда, често пати тука се случува кучиња да поминуваат кучиња и небезбедно е тука да се изведува настава по физичка култура“ – изјави Наташа Влајческа, одделенски наставник.

Од страна на раководството на училиштето, се обиделе да разговараат со соседот од северната страна, но нивните обиди завршиле безуспешно. Според она што се знае, добар дел од земјиштето е во сопственост на училиштето додаваат од таму, и бараат вклучување на сите надлежни институции со цел оградување на просторот и конечно решавање на проблемот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top