Започна акција за чистење на дното на охридското пристаниште од муљ

Започна акција за чистење на дното на охридското пристаниште од нанос кој се таложел во текот на годините.

 |  Маленкова Татјана  | 
pristaniste
пристаниште

Градското пристаниште се чисти од наносот кој се таложи во текот на годините и кој им ја попречува работата на бродарите. Капетанот на охридската капетанија Горан Устијаноски открива дека со акцијата предвидено е да се чистат три точки и тоа охридското пристаниште, пристаништето во Св.Наум и еден дел во каналот Билјанини Извори непосредно покрај едриличарскиот клуб и езерската полиција, делот кој е и најтесен и најплиток.

„Тендерска постапка беше распишана. Плаќањето кон фирмата изведувач е со нафта од државните резерви, pristanisteдоделена за капетанија Охрид, односно за багерување на пристаништата во Охрид и Св. Наум. Градежните работи ги извршува фирмата Транс Рајф која беше избрана како најповолен понудувач. Можам со задолство да кажам дека имаме цена која е далеку и пониска од очекуваната која првично ја предвидидувавме дека ќе биде и реална на пазарот“, вели капетанот на охридска капетанија, Горан Устијаноски.

Временскиот период за комплетно завршување на проектот е два месеци, но Устијаноски вели дека овој рок е премногу долг и дека работата ќе се заврши многу побрзо.
Градското пристаниште на овој начин последен пат било чистено во 2006 год. Но ефектите од тоа чистење не биле видливи бидејќи како што додава капетанот, тогаш се чистело на начин кој бродарите во тоа време не го прифаќале како практичен.
Устијаноски додава дека интервенцијата се прави за да се овозможи оперативност пристаништето посебно во период кога водостојот на езерото е низок.Според капетанот остатокот од градежните работи ќе продолжат во септември кога востојот ќе биде најнизок, а ефектот од копањето најголем.
 
И бродарите се сложуваат дека постапката за чистење на пристаништето беше повеќе од неопходна.

„Крајно време беше да се превземе ваква активност затоа што долго време не е копано затоа што порано кога се копаше тоа не беше направено како што треба. Се надевам дека во соработка со капетанија и министерството за транспорт  кои излегоја на нашите барања  безусловно во пресрет оваа рабоа се заврши безусловно, за да можеме да се одвива езерскиот превоз на патници и туристи без проблем“, вели Зоран Илески,сопственик на бродовите Александрија.

pristaniste

Бродарите се категорични дека ова што сега се случува е во прав момент и дека се благодарни на капетанија што се огласи на нивните барање и со овој зафат ќе им ја олеснат работата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top