Трајкоски седна во градоначалничката фотеља.
Општина дебарца доби нов градоначалник. Со врачување на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новоизбраниот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес официјално го започна градоначалничкиот мандат.
„Голема благодарност до граѓаните на општина Дебарца кои ја искажаа довербата на овие локални избори и ми дозволија во наредниов мандат да се покажам и докажам со нови дела кои ќе се реализираат и воедно ви укажувам дека вие ќе бидете моите критичари и мојот коректор на работата во овие четири години“, истакна градоначлникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски.
Градоначалникот Трајкоски првото кафе во новиот кабинет го испи поранешниот градоначалник Љупчо Којчиноски кој претходно 16 години беше прв човек на општината.
Денеска беа врачени и уверенијата на советниците за новиот совет на општина Дебарца. Од 11 те советници 5 се од ВМРО ДПМНЕ, 5 од СДСМ и 1 е независен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град