Ремито без голови на домашен терен со Чарлтон на Кардиф Сити му донесе пласман во Премиерлигата по пауза од точно 51 година.
Ремито без голови на домашен терен со Чарлтон на Кардиф Сити му донесе пласман во Премиерлигата по пауза од точно 51 година.
Дел од следното издание на Премиер лигата за прв во историјата на елитното англиско фудбалско натпреварување ќе бидат два клуба од Велс.
За тоа синоќа се изборија играчите на Кардиф Сити, кои одиграа без голови на домашен терен со Чарлтон и со тоа се вратија во елитата од која последен пат испаднаа уште далечната 1962. година, кога заедно со нив во понизок ранг испадна и тимот на Челси.
Со тој освоен бод против Чарлтон некогашните „сини птици“, а сега „змејови“, конечно го остварија својот сон, до кој со сезони беа блиску, но никако не успеваа да го реализираат.
Со Свонси следната сезона тие ќе ја испишуваат новата историја на велшкиот фудбал, кој ужива во еден од најдобрите свои клупски периоди по освојувањето на Лига купот од страна на Свонси оваа сезона.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град