• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид

Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид

И ние сме дел од ова општество и можеме да придонесиме за неговиот развој иако сме хендикепирани, велат инвалидизираните лица. Тие со голема воља и љубов деновиве во Охрид изработуваат накит. Тој ќе биде изложен и продаван на градскиот плоштад.

 |  Јаковлева Лионела  | 
rabotilnica
работилница

Огрлици, привезоци, белегзии и друг рачно изработен накит неделава ќе може да се купи на градскиот плоштад во Охрид. Овие уникатни парчиња се изработени од страна на инавалидизираните лица од Охрид, Скопје и пет општини од Војводина. Домакин на оваа креативна работилница е здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца, „Мобилност“, вели Венко Голабовски, неговиот претседател.rabotilnica

Организатор на оваа работилница е здружението „Мобилност“ од Скопје. Во Охрид ја организираат прв пат, а во Скопје една веќе се одржала минатата година. Деан Ѓоргиевски, претседателот на Мобилност Скопје вели дека искуството од таму е крајно позитивно и затоа сакале да го споделат и со нивните пријатели од Охрид.

Учесниците на оваа работилница презадоволни од атмосферата и дружбата. Во релаксирана атмосфера, пропратена со шеги и песна ги работеа своите дела.

На оваа креативна работилница има и гости од 6 општини од  Војводина. Всушност од таму и потекнала идеата за изработка на ваков накит. Кај нив ваквите работилниции се одржуваат веќе 11 год., а во здружениата членуваат 110 членови.

Рачно изработениот накит ќе може да се види и купи на градскиот плоштад. Собраните средства ќе бидат наменети за потребите на инвалидизираните лица и за купување материјал за нови изработки. Креативната работилница ќе трае до петок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top