Францускиот ракометар, Никола Карабатиќ е блиску до трансфер во редовите на Барселона, јавија шпанските медиуми.
Францускиот ракометар, Никола Карабатиќ е блиску до трансфер во редовите на Барселона, јавија шпанските медиуми.
29-годишниот Карабатиќ бара место за свој нов почеток по обложувачкиот скандал, поради кој го напушти Монпеље. Еден од најдобрите светски ракометари неодамна беше ослободен од обвинението за илегално обложување па сезоната ја заврши во францускиот Аикс ен Провенс.
Како што сега пишува „Марка“, со Каталонците Никола Карабатиќ, кој исто така беше блиску до Барселона и во 2009 година, се очекува да потпише договор на три или четири години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град