Состојбата на браната во Слатино се влошува

Состојбата со браната на Слатинското Езеро од ден на ден се влошува, тврдат спортските риболовци.

 |  Маленкова Татјана  | 
akumulacija Slatino
акумулација Слатино

Претседателот на спортското риболовно друштво Св. Апостол Петар, Радован Димитриески тврди дека пукнатината на браната се проширува и дека само е прашање на време кога комплетно ќе се разруши.

„Пукнатината која беше на средина сега ја поткопа земјата и се спушти на самото дно од браната, поради тоа akumulacija Slatinoкруната на браната се спушти неколку метри.  Се повеќе и повеќе очекуваме браната да се сруши комплетно или да се превземе нешто под итно за нејзино санирање.Нивото на водата не е спуштено, така да тоа истекува и од пукнатината и од преливниот канал и од испустниот канал“, вели Радован Димитриески.

Димитриески вели дека при последните контакти, надлежните ветиле дека во рок од 90 дена ќе преземат активноти за поправање на браната.  Но според Димитриески, за жал, до сега никој ништо нема преземено.  „Апелираме, надлежните да направат нешто за оваа брана,  затоа што ако навистина се сруши мислам дека никогаш повеќе нема да се изгради, што би било огромна штета за цела општина Дебарца“, вели прет. СРД СВ. Апостол Петар.  
Димитриески посочува дека загрозен е и рибниот фонд во акумулацијата, затоа што тој е изложен на опасосност од изумирање од повеќе причини.

brana slatinsko ezero„Прво ако пукне браната рибниот фонд ќе се излеа по нивите и автоматски ќе се уништи. Второ и да непукне браната спрема овој истек што го има преку испустниот вентил ќе дојде до биолошки минимум до крајот на јуни па поради недостаток на ксислород може да дојде до изумирање на рибата, а и да се санира браната водата повторно ќе мора да се испушти и во секој случај ќе треба или да се пресели тој рибен фонд или да го спасиме. Затоа аплелираме до новиот градоначалник  кој беше еколошки инспетор и доволно добро ја познава ситуацијата, така да мислиме дека ќе успееме да ја спасиме браната и рибниот фонд“, вели прет. СРД СВ. Апостол Петар.

Димистриески додава дека е разговарано со концесионерот за стопански риболов на Охридскотот Езеро, да се излови рибата со мрежи. Тој додава дека пуштено е барање и до Хидроблошкиот завод во кое се бара  да  им биде кажано на кој начин е најдобро да се направи изловувањето на рибата.
Инаку, денеска стапивме во контакт и со раководителот на центарот за управување со кризи, Митко Темелковски. Тој вели дека состојбата на браната е стабилна, и дека таа е во иста состојба како и при првото оштетување. „Од февруари до сега има само минимални оштетувања, поради врнежите и високиот водостој на водата“, вели Темелковски. Тој додаде дека сеуште немаат информации дали владата преку ресорните министерства ќе преземе активности за поправање на браната и кога.
 
{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top