Струга знае сама да го зачува мирот

Невладината организација „Езерка“ од Струга, за 2013 година има планирано бројни активности и рерализација на два проекти, „Трговија со луѓе“ и Заедничкото живеење во Струга зависи од мене и од тебе“.

 |  Николоска Биљана  | 
dragica
драгица

Струга е град кој што самиот знае да си го зачува мирот, велат од НВО „Езерка од Струга. dragicaОваа организација и годинава во својата програма има зацртано низа активности, главно концентрирани на зачувување на соживотот во Струга, како една сензибилна мултиетничка средина. Претседателот, Драгица Павлеска Попеска задоволна е од нивните залагања во таа насока и потенцира дека годинава со уште поголем елан ќе работат кон остварување на зацртаните цели, нормално во соработка и поддршка со релевантните институции.

„Годинава најповеќе ќе ставиме акцент на асоцијалното однесување кое што може да биде причина за нарушување на довербата и конфликтот, ќе ставиме акцент на заедничкото живеење и враќање на довербата прво помеѓу младите, потоа и помеѓу граѓаните на Струга, бидејќи Струга е град кој што самиот знае да си го зачува миеот да ја врати довербата и граѓаните да живеат без страв, притисок и да нема покажување на сила, моќ и надменост“.

dragicaПопеска цврсто е убедена дека соработката ќе продолжи и со новиот градоначалник и Совет на општина Струга, бидејќи на невладиниот сектор повеќе од се потребна му е таа соработка, како би можеле да се ангажираат за подобро утре за Струга и заедничко живеење.

„А на советниците и на новиот претседател на Советот ќе им препорачам посебно да се ангажираат околу соработката со невладиниот сектор и заедничкото живеење во Струга како и за сите проблеми што ги тиштат младите и невработеноста. Најпрво сакаме економска зајакнатост на населението како би имале помалку време да размислуваат за разните пороци“.

Како што е познато во Струга има голем број НВО и граѓански здруженија. Според Попеска карактеристиката на нивното здружение е нивната заложба во Струга да непостои поделба на ваши и наши и реката Црн Дрим да биде некаква граница, бидејќи Струга отсекогаш била единствена. Таа воедно упати апел до лидерите на политичките партии да си работат во рамките на своите партиски активности а младите и учениците да бидат надвор од тоа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top