Фудбалската репрезентација на Македонија, сосема очекувано, после двата пораза од Белгија во квалификациксиот циклус за престојното СП 2014, доживеа пад од десет позиции на најновата ФИФА ранг-листа.
Фудбалската репрезентација на Македонија, сосема очекувано, после двата пораза од Белгија во квалификациксиот циклус за престојното СП 2014, доживеа пад од десет позиции на најновата ФИФА ранг-листа.
Нашиот национален тим е на 83. позиција со 441 бод, најблиску до нас, кога се во прашање противниците во квалификацискиот циклус е репрезентацијата на Шкотска која е на 77. позиција.
Скок од 20. места забележа селекцијата на Велс која сега е на 49. позиција. Пад од пет позиции забележа репрезентацијата на Србија која е на 40. место, а Белгија е на одличната 16. позиција.
Најголем напредок забележа репрезентацијата на Хрватска која е сега четврта светска сила. На врвот од листата нема никакви промени, Шпанија е лидер пред Германија и Аргентина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град