„Изрази се преку медиумите“, нов проект на МИМ

Високата школа за медиуми и годинава ширим ги отвора вратите за своите идни студенти.

 |  Маленкова Татјана  | 
MIM stipendii
МИМ стипендии

На Високата школа за медиуми се работи во мали групи, но се бираат ученици кои имаат желба да студираа во областа на медиумите и комуникацијата.  Охриѓани, како и средношколците ширум нашата земја покажуваат голем интерес за студирање во Високата школа за медиуми. Оние кои веќе се здобиле со позитивни искуства, истото го споделуваат со идните студенти на оваа школа.

Високата школа за медиуми во гимназиите во Охрид и Струга го презентираше проектот „Изрази се преку Zoran Andonov - MIMмедиумите“. Проектот веќе  5 та година по ред се организира како конкурс за најдобар средношколски медиумски производ. На конкурсот кандидатите матуранти  можат да добијат целосни стипендии за студирање на насоките новинарство и односи со јавност и дополнителни договори за вработување по завршувањето на студиите.  За училиштата и средношколците  учесници на конкурсот се предвидени награди  лап топ компјурети, камера и фото апарат. Оваа година тема на конкурсот е „Можеш да придонесеш, активирај се и помогни во зедницата.

„Средношколците може да аплицираат со есеј, видео или фото приказна преку кој ќе прикажат примери или ќе дадат идеја како средношколците може да се вклучат преку различни училишни активности или надвор во локалната заедница, конкретно во Охрид и Струга и како на тој начин можат да придонесат во локалната заедница, односно како може да придонесат на ранливите групи во општеството, заштита на животната средина, промовирање на културното наследство почитување на културните различности помеѓу младите, различни волонтерски активности во бизнис заедницата“, вели Дејан Андонов,претставник на високате школа за новинарство и односи со јавност.

Матурантите кои ќе учествуваат на конкурсот потребно е да испратат  медиумски производи преку кој ќе MIM stipendiiприкажат конкретни активности за тоа како биле вклучени во заедницата или да дадат идеја како можат да бидат вклучени. „На овој начин рие ќе и помогнат на заедницата“, вели Андонов.

Конкурсот трае до 21 април, но од МИМ велат дека со оглед на тоа дека во гимназии од охридско – струшкиот регион проектот беше презентиран многу доцна, има можност за пролонгирање на крајниот рок. 
Сите информации на веб страницата на високата школа vs.edu.mk

Инаку на територијата на цела Македонија вкупно се реализираат 10 стипендии, 5 за новинарство и 5 за корпоративни комуникации, односно односи со јавност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top