27 работници со договор на дело од ЈП „Охридски Комуналец“ веќе два дена не одат на работа. На истите им истекол договорот уште на 31 март годинава, кажа В.Д. Директорката на претпријатието Елена Скрческа. Исто така новата директорка на засегнатите работници им образложила дека засега нема потреба од активностите кои досега тие ги изведувале, но, доколку се наложи потреба истите ќе бидат повикани на работа.
Точно пред два дена група работници на ЈП „Охридски Комуналец“, беа вратени од работа. Станува збор за 27 работници кои беа ангажирани по пат на договор на еден, два месеци или со договор на дело, вели новата В.Д директорка Елена Скрческа. Таа појасни дека на истите им истекле договорите на 31 март.
„Со оглед на законските прописи не бевме во можност понатака да ги продолжиме нивните договори ние им кажавме понатака да не идат на работа до регулирање на делот од нивниот статус. Знаете дека ние сме претпријатие од сезонски карактер и во текот на летниот период вработуваме, така да доколку има потреба од вработување прво тие ќе бидат повикани“.
Скрческа категорична дека нема да се почуствува недостаток на лицата на кои им престанал договорот, бидејќи во овој период е помал интензитетот на работата околу одржувањето на зелените површини и јавната чистота . Таа признава дека проблемите за претпријатието започнуваат од месец мај, а посебно се зголемуваат за време на сезоната.
„Во моментов ќе функционираме како и досега, а понатака во соработка со Локалната самоуправа како тие ќе ни наложат во однос на развој на претпријатието така ќе постапуваме“.
Скрческа во престојниот период планира да ги надмине аномалиите во работењето на претпријатието кои таа ги воочила, па понатака да може да размислува за воведување на новини за кои не сакаше да ги открие деталите.
„Сега засега сакам да ги средам сите работи сите аномалии кој што јас ги приметив во овој период, во однос на дисциплина на работа, доаѓање заминување, во однос со контакти добавувачи и купувачи ќе пробам да средам барем онаму каде што сум забележала дека има аномалии“.
„Барам максимална одговорност од вработените“, нагласи Скрческа. Таа потенцира дека во текот на целото нејзино работно време ќе ја следи состојбата во претпријатието, нормално, преку една коректна соработка со претпоставените на работниците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град