Подобра Дебрца-најзначаен проект за градоначалникот Трајкоски

„7ми Април е пресвртница во општина Дебрца и за мене ќе биде врежан како еден од најзначајните.“-рече Трајкоски.

 |  Мишел Наумоски  | 
Trajkoski
Трајкоски

Прво јавно обраќање на новиот градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. За него, 7ми Април е датум кој претставува пресвртница за општина Дебрца, бидејќи по 16 години, за прв пат на власт доаѓа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според Трајкоски, 7ми Април ќе биде значаен датум и за жителите на Дебрца.

gradonacalnik Debrca„Јас сум човек кој даде ветувања, знаејќи дека ќе ги исполни, затоа верувајте целосна ќе биде мојата подршка која ќе ја дадеме за жителите на Дебрца. Тоа ми е основна цел во понатамошното мое делување. Народот е најголем коректор и критичар за дејствувањето на еден градоначалник, затоа јавно укажувам дека ќе бидам посветен на она што значи реализација на дела и проекти, со кои убавиот живот мора да стане секојдневие.“-рече градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски.

Трајкоски најави дека со реализацијата на овие проекти ќе започне веднаш откако ќе седне во градоначалничката фотелја.

sovetnici TrajkoskiТој рече дека најпрво ќе ја разгледаат финансиската состојба на општината, по што ќе одредат кои проекти ќе имаат приоритет во спроведувањето.

„Јас сум човек од општина Дебрца и тука ќе останам со моите соработници со кои заедно ќе го реализираме најголемиот проект, а тоа е подобра Дебрца за сите нас. Оттука дозволете да укажам дека мојата транспарентност ќе биде на примарно место, соработката на високо ниво, а меѓусебната почит најважна. Затоа од денес да го започнеме сите заедно главниот проект, борбено и славно како што тоа го правеле нашите предци, а ние ќе го направиме за нашите идни поколенија. Да одиме кон подобра Дебрца.“-вели Трајкоски.

Трајкоски се заблагодари на подршката која тој и неговите советници ја добивале од партијата во текот на изборната кампања, но се заблагодари и на новинарите за професионалното известување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top