Ромите од Охрид го прославија 8ми Април, меѓународниот ден на Ромите

Со пригодна свеченост, ден порано, во неделата, ромите од Охрид, скромно го одбележаа овој ден.

 |  Мишел Наумоски  | 
romi proslava
роми прослава

Со пригодна свеченост, вчера, ден порано, беше одбележан меѓународниот ден на Ромите. На малиот коктел организиран од партијата Демократски сили на Ромите, не само симпатизерите и членови на оваа партија, туку и воопшто сите кои се чувствуваат како припадници на заедницата на Ромите, го одбележаа овој свој празник.

svetski den na romiteВо меѓународни рамки, овој ден за прв пат се прославил во 1971та година во Лондон, на кој биле избрани химната, знамето и денот, 8ми Април, за светски ден на Ромите. За химна на ромската заедница е избрана песната „Џелем, џелем“, додека знамето се состои од зелена и сина боја, а на средината стои тркало од кочија.

„Во Република Македонија овој празник почна да се слави од 2007та година, по иницијатива на тогашниот ромски пратеник во Собранието на Република Македонија, Шабан Салиу, и е прифатен од Владата на Република Македонија и еве до ден-денес се слави како државен празник за ромската националност и е неработен ден.“-вели Фејзо Шемо, претседател на Демократските сили на Ромите.

Инаку по повод 8ми Април, претставниците од Демократските сили на Ромите, денес имаа прием кај градоначалникот д-р Никола Бакрачески, од кој добиле честитки за празникот, но и искрени желби за побрза интеграција на ромите во институциите на општеството.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top