Министерот за образование, Панче Кралев вети целосна реконструкција на училиштата во Струга. Ова е приоритет и на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПММНЕ, Владимир Кочоски. И тој ќе се залага за создавање на подобри услови за одвивање на наставата во овие образовни центри.
Целосно ќе се реконструира Основното општинско училиште Јосип Броз-Тито во Струга. Ова денес го најави министерот за образование, Панче Кралев. Тој го посети ова училиште со цел да види какви се условите во кои се одвива наставата. Кралев рече дека набрзо ќе бидат заменети прозорците, подовите и кровната конструкција во ова училиште.
Министерот нагласи дека и во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Владимир Кочоски предвидени се инвестиции во делот на образованието. Кралев подвлече дека само со заедничко делување на Владата и Локалната самоуправа можат да се постигнат посакуваните резултати. Кандидатот за градоначалник пак рече дека квалитетното образование е стратешка цел на секоја држава и локална самоуправа и дека тој максимално ќе се залага во сите училишта во Струга и околината да се создадат подобри услови за одвивање на наставата.
Директорката на Јосип Броз Тито, Ана Столеска рече дека тие и досега преку разни грантови вршеле делумна реконструкција на училиштето но изрази големо задоволство што оваа образовна институција конечно ќе може да светне во полн сјај.
Инаку, покрај ова училиште планирано е да се реконструираат и останатите основни и средни училишта во градот и околните села. Планирано е со средства од Владата во Струга да се изградат и седум спортски сали.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град