Ферари посакува триумф на патеката во Кина

Стефано Доменикали, тимскиот шеф на Формула 1 екипата на Ферари, изјави дека Фернандо Алонсо не може да си дозволи да остане без поени и на Гранд При трката за Големата награда на Кина.

 |  Голабовски Крсте  | 
stefano domenicali
стефано доменикали

Стефано Доменикали, тимскиот шеф на Формула 1 екипата на Ферари, изјави дека Фернандо Алонсо не може да си дозволи да остане без поени и на Гранд При трката за Големата награда на Кина.

stefano domenicali„Јасно е дека патеката во Шангај е сосема поразлична од онаа во Малезија и мораме да подготвиме нови надградби за нашиот болид со цел да го извлечеме максимумот. Имаме пауза во која што мораме да ги доведеме во ред сите работи бидејќи не можеме да си дозволиме да загубиме поени и во Кина”, потенцирал Доменикали.

„Треба да го разбереме вистинското ниво на перформансите на нашиот болид. Првичните впечатоци се навистина позитивни, но мораме да продолжиме со развојот. Гумите ќе бидат еден од клучните фактори во оваа сезона”, додаде шефот на Ферари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top