Превентивните прегледи на основните параметри во крвта, шекер и холестерол, како и мерење на крвен притисок прифатени од мештаните на Октиси. Ваквите прегледи се изведуваат во континуитет и во текот на една акција од ваков карактер прават преку 200 анализи, информираат од ургентната медицинска помош на Вевчани и Струга.
Контрола на здравјето на октишани. Медицински екипи денес вршеа испитување на холестерол и шекер во крвта, а воедно мереа и крвен притисок, на мештаните од Октиси струшко. Луѓето соработуваат и задоволни сме од одзивот изјави д-р Боро Пешиноски, директорот на Здравствениот дом од Вевчани.
„Овие акции се спроведуваат континуирано неколку години и има доста заинтересираност од населението, им нудиме поблиски контакт со нас. На ваквите контроли детектираме аномалии доколку ги има со цел на пациентите да им укажеме што понатаму“.
Бројката од 12 000 превентивни прегледи последниве години на ниво на општина Струга и струшко, зборува дека ние секогаш стоиме на ниво на извршување на нашата задача, и ова што денес се случува во Октиси не е политичка пропаганда туку редовна активност, потенцираше првиот човек на Здравствен дом Струга, Др Вера Попоска.
„Во овие години немаше избори така да ние си ја работиме нашата хумана професија, меѓутоа многу сме среќни што градоначалникот иден, не посети и ќе стои зад нас, бидејќи тој е кадар на РМ и зад него стои токму Владата и со соработка зџаедничка ќе одиме напред“.
Превентивните прегледи се првиот скрининг на отворено кој се изведува директно со пациентите. Не ретко кај дел од пациентите се откриваат дијагнози за кои пациентите не знаеле. Исто така ваквите прегледи се најприродни, според медицинските експерти, бидејќи се без финансиско оптеретување, се избегнуваат долгите редици по болничките установи како и патот до нив.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град