Мировниот Корпус Македонија носи нова група волонтери во земјава

Денес ги претставуваа своите развојни програми пред локалните самоуправи, невладините организации, основните и средните училишта.

 |  Мишел Наумоски  | 
peace corps
мировен корпус

Нови волонтери на Мировниот Корпус доаѓаат во земјава. Оваа независна американска владина агенција веќе 17 години испраќа свои волонтери во земјите ширум светот како би работеле на унапредување на заедниците. Во Македонија тие работат на спроведувањето на две програми.

broshuri Miroven korpusЕдната се однесува на унапредување и развој на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта, додека другата програма е за развој на заедниците, локалните самоуправи, општините и невладините организации. Волонтерите на Мировниот Корпус во нашата држава престојуваат по две години, а доаѓаат на покана односно на барање на некои од наведените институции.

„Денес сме тука во Струга за да ги презентираме нашите програми и работите кои нашите волонтери ги прават. Имаме неколку волонтери кои работат овде во околината и се надеваме дека ќе имаме уште неколку во иднина. Сега зборуваме со луѓето за процесот на апликација, кои се нашите очекувања, ги прашуваме за нивните очекувања и ги делиме формуларите за аплицирање со надеж дека луѓето ќе ги пополнат и понатаму да зборуваме за волонтирањето.“-рече Џенин Дорш од Мировниот Корпус Македонија.

apliciranje volonteriА еве што конкретно работат волонтерите на Мировниот Корпус кои доаѓаат во Македонија.

„Генерално волонтерите на Мировен Корпус во училиштата работат со професорите, настаниците по англиски јазик, унапредување на наставата на англиски јазик, воглавно унапредување и професионален развој на наставниците по англиски јазик, унапредување на наставата преку развој на различни помагала за одвивање на наставата по англиски јазик. Исто така и унапредување на знаењата и начинот на изговарање на англискиот јазик во Македонија, односно различните способности за учениците поточно и подобро да го усовршат англискиот јазик.“-вели програм менаџерот на Мировниот Корпус Македонија, Линдита Реџепи.

Покрај овие задачи, волонтерите на Мировниот Корпус работат и вон училишни активности. Во моментот, во државава престојуваат вкупно 75 волонтери на Мировниот Корпус кои живеат и работат во заедниците. Тие се високо образовани, и не добиваат плата за својата работа. Инаку во моментов трае и отворениот повик за аплицирање од страна на училиштата, локалните самоуправи, невладините организации за добивање волонтер кој би работел со нив. Крајниот рок за аплицирање е 15ти Мај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top