Германскиот велосипедист, освојувач на Тур д Франс Јан Улрих, на својата блог-страница на „Еуроспорт“ напиша дека и тој имал улога „во она кое што му се случило на велосипедизмот“.
Германскиот велосипедист, освојувач на Тур д Франс Јан Улрих, на својата блог-страница на „Еуроспорт“ напиша дека и тој имал улога „во она кое што му се случило на велосипедизмот“.
Сепак, еден од најголемите ривали на Ленс Армстронг додава дека овој пат нема да го следи детронизираниот Американец и јавно да признае дека злоупотребувал стимулативни средства.
„Секој може за себе да создаде слика околу она што се случи во последните неколку месеци во велосипедизмот. Јас придонесов за сето тоа со мојата улога“, загадочен е Улрих.
„Ленс Армстронг и многумина други ја раскажаа својата приказна и минатото во телевизиски интервјуа, што за нив беше вистинскиот начин да го сторат тоа, меѓутоа за мене не е, ниту пак ќе биде“, категоричен е поранешниот шампион на велосипедското искушение околу Франција.
Овој ветеран додава дека иако неговата велосипедистичка кариера е долга, за сето тоа време не се менувал.
„Минаа многу години откако почнав да се занимавам со велосипедизмот и овој спорт за мене и за моето семејство претставува иднина. И во минатото, во поуспешните времиња, но и во помалку успешните, тешките, останав ист и сега не сум променет“, заклучи Улрих.
Овој 39-годишен Германец триумфираше на трката околу Франција во 1997-та година, додека пет пати завршуваше на второто место, зад Ленс Армстронг, кој остана без своите седум титули од неофицијалното Светско велосипедистичко првенство. Инаку, Улрих во 2006-та година беше суспендиран по операцијата „Пуерто“ во Шпанија, со која беше разбиен организиран синџир на допинг.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град