Министерот за странски инвестиции и Бакрачески заеднички за развој на Охрид

Министерот Павлески најави инвестиции во приватниот сектор и нови можности за вработување, додека пак Бакрачески потенцираше дека новата локална самоуправа нема да ги чека административните формалности, туку веднаш ќе започне со работа.

 |  Мишел Наумоски  | 
minister gradonacalnik investicii
министер градоначалник инвестиции

Воспоставување на директна соработка во сегментот на економски развој на Охрид најави Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески. Тој денес имаше работна средба со новоизбраниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески со кој разменија идеи околу полињата на идна соработка. Павлески потенцираше дека приватниот сектор ќе биде носител на развојот на Охрид бидејќи според него токму тоа е секторот кој нуди најголем потенцијал и во поглед на отворање на нови фирми и нови работни места.

investicii Bakraceski„Во приватниот сектор ги дискутиравме секторите за развивање на локалната индустрија во лесната индустрија вклучувајќи ја информатичката технбологија. Дискутиравме за некои потенцијали за создавање индустриски зони како основа за привлекување на инвестиции, странски инвестиции, меѓутоа и создавање на една домашна индустрија која ќе го поддржи самиот развој на градот Охрид. Исто така дискутиравме за потенцијалите во иднина да ја зголемиме нашата соработка кога ќе донесеме некои инвеститори од надвор, кога ќе дојдат тука во Охрид, да се создаде еден современ економски тим со доста знаење кој ќе ги спроведе тие инвестиции во самиот град Охрид.“-рече Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески.

Павлески најави дека веќе идната недела повторно ќе дојде во Охрид, овој пат со инвеститори кои ќе можат да ги видат потенцијалите за инвестирање во градот.

Ohrid investicii PavleskiНовоизбраниот градоначалник, Никола Бакрачески, рече дека тие нема да губат време туку веднаш започнуваат со работа. Една од стратешките цели на новата локална самоуправа според Бакрачески ќе биде подршката на малите и средни претпријатија и креирањето на нови работни места.

„Лоциравме во нашите денешни разговори, укажавме на тоа дека најголем дел од тие вработувања ќе треба да бидат лоцирани баш во приватниот сектор и во она што ќе значат проекти кои ќе се реализираат по пат на јавно приватно партнерство. Охрид нуди такви можности во повеќе сектори и ние како локална самоуправа, како тим на советници и тимот на експерти кој во иднина ќе го создадеме, ќе бидеме максимално посветени кон реализација на нашите програми во овој сектор, во насока на остварување на поголем број на работни места.“-вели градоначалникот Бакрачески.

Бакрачески уште еднаш потсети на идејата за формирање на Локален економски совет или т.н Совет на градски татковци кој ќе биде составен од членови на општинската администрација кои се занимаваат со економските сектори, но и од припадници на бизнис заедницата односно работодавците и експертската јавност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top