Васил Ристески со честитки за изборната победа на д-р Никола Бакрачески

Честитки за новиот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, од неговиот довчерашен соперник, Васил Ристески.

 |  Мишел Наумоски  | 
Risteski
Ристески

Честитки за остварената победа до новиот градоначалник, д-р Никола Бакрачески  денес упати неговиот довчерашен конкурент, Васил Ристески. Тој изрази огромна благодарност до сопствените гласачи  и истакна дека ја почитува волјата на своите сограѓани. Ристески изрази и надеж дека новиот градоначалник ќе добива поголема подршка од централно ниво.

Vasil Risteski SDU„Верувам дека господинот Бакрачески, новиот градоначалник целосно ќе се посвети за потребите на поубав Охрид и подобар живот на нашите сограѓани. Доколку му се допадна дел од програмата, нашата изборна програма, му стоиме на располагање да му помогнеме со дел од нашата програма, со својот капацитет, така да ние секогаш ќе бидеме во функција на потребите на нашите граѓани.“-рече Васил Ристески од Социјал-демократската унија.

Ристески потенцираше дека граѓаните на овие локални избори покажале голема зрелост и придонеле за демократската атмосфера.

„Сакам уште еднаш да изразам благодарност до сите сограѓани, особено што изборите се одржаа во еден мирен, демократски амбиент, немаше насилства, немаше проблеми и верувам дека и во иднина така ќе се случува. Верувам дека сега со оваа промена ќе се случуваат работи на позитивно и во корист ќе биде веројатно на сите наши сограѓани.“-вели Ристески.

Тој додаде дека за СДСМ, поразот на овие локални избори треба и мора да значи и преиспитување на досегашните политики на најголемата опозициона партија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top