• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Коалицијата „За подобра Македонија“, одржа завршна пресс конференцијата на градскиот плоштад

Коалицијата „За подобра Македонија“, одржа завршна пресс конференцијата на градскиот плоштад


Бакрачески и Точкова на завршна пресс конференција.

 |  Маленкова Татјана  | 
zavrsna press VMRO DPMNE
завршна пресс ВМРО ДПМНЕ

„Овој сончев ден нека биде голем предвесник на големата победа што јас и советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе ја постигнеме на 24 март и нека бид превесник на новата светла иднина на Охрид, што ќе ја доживее со нас и нашите програмски определби кои имаме намера да ги реализиираме во наредните 4 години„, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола  Бакрачески, последниот ден од изборната кампања.  Бакрачески кажа дека неговата програма  ги отсликува нивните желби, потреби, но и очекувања на сите без zavrsna press VMRO DPMNEразлика дали се стари или млади, мажи  или жениа или доаѓа  од градот, селото, дали се богати или сиромашени, дали се од македонци, албнеци, турци,  египќани, роми, власи , срби или било која друга националност . Свое обраќањеимаше и носителката на советничката листа Јованка Точкова , која пак потенцираше дека новиот совет со нивното мнозинство ќе работи чесно, одговорно, исполнително, професионално и за сето тоа што е сработено ќе дава отчет.

„Јас сум особено горд и задоволен од средбите што ги имавме со граѓаните на Охрид задоволен сум од она што ние го чувме од нив. Тоа се граѓани кои изминативе 8 години беа изложени на газење на нивното достоинство, гордост, културните и историските вредности на Охрид беа засенети. Сите тие граѓани бараат промена еден нов правец на движење на градот. Во текот на оваа кампања имавме многу средби со нив сите тоа го кажуваа јасно и недвосмислено. Ние ги слушавме нив, од нив ја црпевме енергијата , нивните предлози и  нивните идеи кои што ги инкорпориравме во програмата, а тоа е најсериозна и најообема програма која што било кога  е созададена за градот Охрид. Ова е програма каде секој еден граѓанин  може да се пронајде себеси. На 24 март ги повикувам масовно сите граѓани да излезат на гласање, мирно, достоинствено, гордо, да го дадат гласот за ВМРО ДПМНЕ,  за Бакрачески Никола, затоа што само така нивните желби  кои ги слушавме во овие три недели од кампањата ќе станат реалност“, истакна д-р Никола Бакрачески, кандидат за градоначалник – ВМРО ДПМНЕ.

„Во текот на овие изминати денови водевме позитивна, слободна и достоинствена кампања. Остваривме непосредни,  искрени директни и пријателски средби со граѓаните. Бевме со народот и меѓу народот. Сите ние кандидатите од советничката листа бр. 4 заедно со кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески под реден бр. 19 бевме истрајни, трпеливи во сослушување на проблемите од секојдневието и така во иднина ќе работиме заедно со вас. Новиот совет на општина Охрид чие мнозинство ќе биде од советничката листа под реден број 4заедно со Никола Бкарачески ќе работи во полза на граѓаните“, истакна Јованка Точкова,носител на советничка листа коалиција  „За подобра Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top