Сашо Јанковски кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од Коалицијата Сојуз за иднината, посочи дека во оваа изборна кампања, настапиле со програма и проекти во кои се содржани ставовите и мислењата на вевчанци.
Сашо Јанковски кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од Коалицијата Сојуз за иднината, посочи дека во оваа изборна кампања, настапиле со програма и проекти во кои се содржани ставовите и мислењата на вевчанци.
„Во оваа предизборна кампања, ние настапивме како што му личи на вевчанскиот народ, достоинствено, храбро и принципиелно“ истакна Сашо Јанковски кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од Коалицијата Сојуз за иднината. Тој на денешното негово завршно обраќање објасни дека програмата и проектите кои се во неа содржани во себе пред се ги содржи ставовите и мислењата и потребите на вевчанци. Додаде дека гласот даден за него ќе имал двојно значење, ќе биде можност за промена на локалната власт и во исто време за одземање на легитимитетот на централната власт.
„Јас и мојот тим заедно со мојата програма ви нудиме визија за промена на нашата општина, но имајте на ум дека ниту една промена на локално ниво не е доволна ако не се промени централната власт и курсот по кој се движи државата. Почитувани сограѓани, на 24-ти март искористет ја приликата, ве повикувам, масовно да излезете на гласачките места и заедно да победме два пати.Да победиме за нашата општина Вевчани и за цела Македонија“ посочи во своето обраќање, кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од Коалицијата Сојуз за иднината, Сашо Јанковски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град