• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Одделот за интервентна кардиологија во Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој

Одделот за интервентна кардиологија во Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој

Одделот за интервентна кардиологија во Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој. Илјадници граѓани не само од Охрид туку и од поширокиот регион како и од соседните градови на Р. Албанија се спасени токму на овој оддел.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kardioloski
кардиолошки

Одделот за интервентна кардиологија кој е отворен пред 6год во рамките на Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој, потенцираше директорот Д-р Никола Бакрачески. Тој кажа дека  илјадници граѓани не само од Охрид туку и од поширокиот регион како и од соседните градови на Р. Албанија се спасени токму на овој оддел.kardioloski

Бакрачески рече дека бројот на здравствените услуги во оваа установа е пораснат за 300 до 500%, а во одредени оддели тој е зголемен и над 1000%. Зголемен е бројот на пациентите третирани во интензивна нега, а рапидно расте и бројот на пациенти изложени на инвазивни терапевтски процедури. Директорот подвлече дека сето ова во никој случај не ќе го постигнеле без стручниот персонал и тимот со кој тој соработува.

Бакрачески кажа дека во иднина планираат да се подигне зградата каде е сместен заводот бидејќи од ден во ден потребите од зголемување на капацитетите растат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top