„Работата е во ваши раце и Струга мора да ја вратиме“, им порача на своите сограѓани, Владо Кочоски, кандидатот за градоначалник на општина Струга. Кочоски вели – „Од утро до мрак им посветувам време на стружани со цел да им ја вратам довербата дека има спас за Струга.
„Катадневно сме на терен и задоволни сме од досега сработаното“, рече Владо Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на коалицијата за „Подобра Македонија“ и „Сојузот за иднината“ од Струга. Кочоски убеден е дека ќе издвојува победа во Струга, според информациите шт ги добива од терен.
„Ги посетуваме населените места, наши екипи во градот и лично јас одиме од куќа на куќа, комуницираме со луѓето, единствено што останува и ги замолувам сите граѓани на нашата општина масовно да излезат на 24, бидејќи мои драги сограѓани Струга е во ваши раце и ве замолувам на масовна излезност и на 24 Март Струга да си ја вратиме назат“– вели Кочоски.
Осум години во Струга не е ништо направено и на општината и се потребни големи промени, вели Кочоски. Тој е убеден дека ќе победи а после 24 март ветува големи промени за градот.
„Меѓутоа јас им ветувам на моите сограѓани и програмата ја имаме поделена на сите, тие големи промени јас ќе ги направам првите месеци откако ќе станам градоначалник. Можеби звучам самоуверено но искрено кажано тоа ќе се случи бидејќи позади мене стои Владата на Р. Македонија“ -вети Кочоски.
Кочоски вели оти пријатно е изненаден од тоа како стружани го прифаќаат, без разлика на политичка, верска или етничка припадност.
„Со сите луѓе што сум се сретнал, ме подржуваат и велат дека ќе ми го дадат својот глас без разлика на вера нација и политичка партија. Со сите што сум се сретнал на улица имам чуство дека се за мене до еден збор кажано ме бодрат и поддржуваат“.
Кочоски ветува дека ќе биде градоначалник за сите, бидејќи се кандидирал со цел да помага на сите луѓе подеднакво, впрочем како што тоа го прави во неговата професија како истакнат хирург во Општа болница во Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град