Магистер Васил Ристески, независниот кандидат за градоначалник подржан од Социјал-демократската унија, на охриѓани и на потенцијалните туристи им ја вети мала Венеција или проектот „Сонце“.
Независниот кандидат за градоначалник подржан од Социјал-демократската унија, м-р Васил Ристески денес со презентација на проект на чијашто можност за реализација чекал од своите средношколски денови. Ристеси објасни дека овој проект би требало да се реализира на просторот од Студенчишкото блато.
„Овој проект е замислен како Охридска мала Венција со име Сонце. Сонце бидејќи формата ќе биде во вид на сонце или со други зборови сето тоа блато со многу мала инвестиција, треба само да се ископаат канали и на сите тие краци на сонцето испресечени исто така со канали, ќе има голем број островца. На сите тие 16 краци ќе има околу 160 мини урбани парцели острва“ вели Ристески.
Истите ќе бидат предмет на лицитација и сите бизнисмени кои сакаат да започнат своја дејност на тој простор, ќе може да го добијат просторот на регуларна лицитација и во период од 6 месеци до една година ќе мора да го изградат објектот како што е добиен. Друга огромна придобивка на овој проект ќе биде неговото влијание во намалувањето на невработеноста во Охрид, истакна Ристески.
„Замислете во тие 365 објекти, по минимум пет вработувања нови тоа се минимум 1500 нови вработувања, значи зборуваме за проект кој е навистина реален, уникатен и многу ќе придонесе за севкупниот развој на градот“ објаснува независниот кандидат.
Ристески објасни дека инвестицијата за реализација на овој проект би била многу мала, а вети и изградба на камен кеј од двете страни на Каналот Биљанини извори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град