Денес е Летник!

Летник во Струга го слават и христијаните и муслиманите. За прв пат годинава учениците од СОУ Ибраим Темо, празникот Летник го одбележаа со низа активности, изработка на мартинки, шарање на варени јајца, а се послужи и пченка. Но и вработените се почестија со домашни специјалитети подготвени од домашната кујна. Целта е јасна, велат од таму, да се пренесе пораката, дека празниците треба да ги обединат сите.

 |  Николоска Биљана  | 
letnik
летник

letnikВо струшката гимназија „Ибраим Темо“ одбележан Летник. За таа цел учениците од разни верски етникуми со заедничка активност ишараа јајца, сервираа пченка и направија мартинка за сите. Овој празник е добар повод за обединување велат учениците.

„По повод Летник се собравме сите без разлика на албанска или од  македонска национална припадност со цел да го прославиме бидејќи тој не обединува. Нашето училиште презеде иницијатива да го прославиме празникот Летник и за таа цел ставаме мартинки, собравме јајца, пченка и го честитаме празникот Летник“.

Урим Крека, првиот човек на струшката гимназија Ибраим Темо, вели дека иницијативата за одбележување на Летник е обид да се тргне вниманието на јавноста од напнатата политичка тензија во една поведра атмосфера. Додава дека станува збор за примена на едно од многуте меѓуетнички и меѓугранични искуства од проекти, од збратимените училишта од Албанија, Словенија, Германија, Италија

ucenici„Замисливме заедно со другите структури од училиштето, раководниот тим, педагошката служба да организираме еден ваков ден бидејќи тука влегуваат сите деца заедно со наставниот кадар да докажеме дека на овој начин треба да се работи и да не се остави простор за манипулација или вметнување на политички цели во самото училиште“.

Според стариот календар 1 ви март се вика и Летник и според народните верувања овој ден се смета за почеток на летото. Едно од верувањата вели: Внимавајте, како што ќе ви помине денешниот ден, така ќе ви минува цело лето. Меѓу позначајните обичаи по повод овој ден е правењето мартинка која се изработува од бел и црвен конец и се става околу врат, на рака или нога, посебно кај децата за здравје и среќа, но и како магиска заштита од разни несреќи. Мартинката се трга од себе кога ќе се види првата ластовица или штрк. Денес именден имаат Евдокија, Мартин, Марта и др.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top