После откривање на скандалот за незаконскиот избор на Др. Нинослав Марина за редовен професор и после незаконскиот избор за Ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле од Охрид“, Сенатот на универзитетот на вчерашната итна седница донесол одлука за негово разрешување од фунцкијата Ректор.
После откривање на скандалот за незаконскиот избор на Др. Нинослав Марина за редовен професор и после незаконскиот избор за Ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле од Охрид“, Сенатот на универзитетот на вчерашната итна седница донесол одлука за негово разрешување од фунцкијата Ректор, истакна Проф.Д-р Рубин Земон -Претседавач на Сенатот. Разрешени се и двајцата ректори Братислав Станковиќ и Тони Стојаноски чиишто избор како редовни префесори и подоцна како ректори бил сомнителен, бидејќи при нивниот избор како професори е потпишан Нинослав Марина, додава Земон.
„Со оглед на тоа дека во универзитетот настана една вонредна ситуација, Сенатот како највисоко тело, кое раководи со универзитетот, донесе одлука да се направи еден вид на Привремена управа, која ќе ги врши функциите на ректорот. Донесовме правилник во кој стои дека член од сенатот претседава со Сенатот, а избравме лице кое ќе претседава со ректорската управа.“објасни Проф.Д-р Рубин Земон -Претседавач на Сенатот на УИНТ Св.Апостол Павле.
„ Исто така донесовме други одлуки бидејќи имаме сомневање дека во овој период се направени голем број финансиски малверзации за кои сеуште немам докази бидејќи треба да дојдеме до архивата и да ја проверуваме, формиравме комисија да ја провери архивата и воедно упатуваме апел и повик до Државниот завод за ревизија да дојди и да изврши финансиска ревизија на работењто на универзитетот во постоењто на последните 7-8 месеци“ додаде Земон.
„Универзитетите треба во целост да бидат одвоени од политиката, владата. Да, знаеме дека ова е државен универзитет, да, ја сакаме Македонија но треба да бидеме суверени и независни и да се почитува нашата воља сами да ги избидаме нашите претставници и водачи, а политичарите да ни дозволат да го водиме овој универзитет на најдобар можен начин“ истакна Проф-Др. Илан Садех – член на Сенатот на УИНТ Св.Апостол Павле
Изборот на нов ректор ќе се изврши за најмалку деведесет дена, велат од сенатот.
За случувањата со соопштение реагираше Универзитетот, во кое се вели дека е извршен обид за упад на УИНТ „Св. Апостол Павле“.
-Во изминатите 24 часа група вработени на УИНТ се обидоа да извршат неовластен упад во работењето на Универзитетот. По пријава од Ректорската управа, Државниот прсветен инспекторат изврши вонреден надзор над работењето на Универзитетот и со свое решение ги поништи сите нивни незаконски дејства.
Состојбата е редовна, а Ректорската управа продолжува со реализација на зацртаната програма. Во тие рамки, Ректорот Нинослав Марина вчера во кабинетот на Претседателот на РМ, Д-р. Ѓорге Иванов, потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот на Истамбул. Овој Универзитет е најголема и настара високо-образовна установа во Република Турција. Освен можност за размена на студенти, Меморандумот предвидува и изработка на заеднички предлог-проект за изградба на технолошки парк во Република Македонија во вредност од 30 милиони Евра. За нашата држав, пак, ова значи отварање на голем број стартап компании, а со самото тоа и нови работни места. – стои во соопштението.
Рагираше и Државниот просветен инспекторат од каде информираат дека денеска е извршен вонреден инспекциски надзор на Универзитетот за информатички науки и технологии ,,Св. Апостол Павле” во Охрид и е донесено е решение за поништување на последната седницата на сенат одржана на 12.03.2013 поради прекршување на Законот за виското образование и Статутот на универзитетот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град