• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Секој потрошен денар сега, после 24ти Март ќе биде предмет на ревизија, порачаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Секој потрошен денар сега, после 24ти Март ќе биде предмет на ревизија, порачаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ

 ОК на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш излезе со обвинувања упатени кон кандидатот за градоначалникот од редовите на СДСМ

 |  Јаковлева Лионела  | 
Mitrovic
Митровиќ

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш со обвинувања дека пропаста на сите претпријатија, на сите големи фирми во Охрид било резултат на криминалната приватизација изведена од Бранко Црвенкоски и олигархијата на СДСМ. Секој обид да се префрли вината на друго место според нив е само потврда на она што еднаш веќе го кажале дека злосторниците се враќаат на местото на злосторството. СДСМ да говори за фабриките во  Охрид  кои ги уништија е понижување на граѓаните и рамно на политичко самоубиство од грб,Наместо да си играте со чувствата на луѓето и да ги манипулирате, поделете им барем плата на вработените во општинската администрацијата, рече портпаролот на вмро дпмне, никола митровиќ.  Тој им порача на политичките опоненти да престанат средствата во касата на Општина Охрид  да го делат на како што рече својата тајфа и тоа за предизборни цели и за да може си ги исплаќаат гревовите.  Секој потрошен денар сега, после  24Март ќе ви биде предмет на ревизија, додаде портпаролот Митровиќ.nikola mitrovic
Во недостиг на проекти и програми  најнеспособниот Градоначалник и најнеспособната Локална самоуправа сака да обвини за тоа што е направена улицата Железничка и да искористи несреќи во политичка кампања. За жал не е првпат СДСМ и Петрески да уживаат во несреќите во Охрид. СДСМ и Петрески обвинуваат зошто се изгради ново крило на Болницата и манипулираат со некакви бројни случаи. Господо ако немате чест а имате проблем со нормалното расудување ,барем не играјте си со судбини и не лажете. Дури и  за угинувањето на рибите за кое јасно е виновна  Проаква во новогодишниот  „договор„ со нивните експерти  и за тоа прават реклами. Уште едно политичко самоубиство од грб, израз во контекст на нивната морбидна кампања.Ви порачуваме, да не забегувате во бескрупулозноста на своето однесување и наместо да се занимавате со статистички податоци за посетеност на гробните места, требаше да го работите она за што бевте платени-да ги одржувате тие гробни места и да ги слушнете реакциите на охриѓани и нивното незадоволство од високите сметки за гробарина и пари од граѓаните за кои прашуваме дали безмилосно ги потрошивте на ручеци, сметки за мобилни телефони, патувања, репрезентации и кој знае за што уште не, освен за она за што тие беа наменети?

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top