Сашо Донев, кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и претседател на Унијата на млади сили на денешната прес конференција рече дека една од најцрните точки од владеењето на Александар Петрески и СДСМ со Охрид е нивната незаинтересираност за креирање на што подобри услови за младите во нашиот град.
Сашо Донев, кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и претседател на Унијата на млади сили на денешната прес конференција рече дека една од најцрните точки од владеењето на Александар Петрески и СДСМ со Охрид е нивната незаинтересираност за креирање на што подобри услови за младите во нашиот град. Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ ќе се залага за реализација на проекти во спортот и за развој на Индустријата преку создавање на Индустриска зона со што ќе се отворат нови работни места кои се неопходни за враќање на младите во Охрид.Тој им порача на младите да не губат надеж и активно да учествуваат во донесувањето на одлуките како заедно би го граделе новото убаво и младо лица на Охрид со новиот Градоначалник д-р Бакрачески и мнозинството во Советот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Преку реализација на проекти од доменот на спортот и индустријата Охрид ќе прерасне во место кое ќе нуди достоен живот на секој млад човек.Преку изградба на затворен пливачки базен ќе се задоволат потребите на пливачките клубови и на училишната младина но исто така ќе биде и дел од спортската рекреација на нашите сограѓани.Со изградба на тениските терени на Охрид ќе го вратиме пристапот до овој спорт со кој ќе имаат моќност да е рекреираат туристите а пред се ќе преставуваат и место за спортување на талентирани спортисти за тенис.Во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за градот Охрид е предвидена реализација на проект Спортско лето – Спорт за сите преку кој на едно место во период од неколку денови ќе се направи популаризација на повеќе спортови.ВМРО ДПМНЕ ќе го врати сјајот и на маалскиот фудбал и баскет, нешто што во последниве години не се согледувa, рече Донев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град