Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески денес ги слушна проблемите со кои се соочуваат лиценцираните туристички водичи. Тие пак изразија благодарност и задоволство од средбата и од заклучоците кои се постигна на истата.
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Д-р Никола Бакрачески денес се сретна со лиценцираните туристички водичи. Тој ги слушна проблемите со кои се соочуваат години наназад како што се дивите туристички водичи, немањето простор за паркирање на туристичките автобуси, немањето информативно биро и др.
Тој рече дека сето тоа е земено во предвид во неговата изборна програма и во визијата за развој на туризмот и продолжувањето на туристичката сезона.
Преставникот на лиценцираните туристички водичи изрази благодарност и задоволство од средбата и од заклучоците кои се постигна на истата.
Туристичките водичи велат дека проблемите тебва да се решаваат пирамидално како би имале позитивен тренд во развојот на туризмот и поголем број гости кон што сите се стремиме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град