Букет песни од Младинскиот совет за охриѓанки

Младинскиот совет на охриѓанки им понуди поетско – музички рецитал.

 |  Маленкова Татјана  | 
Mladinski Sovet
Младински Совет

Букет од убави песни и раскази и музички творби кои се дел од литературниот клуб „Поема“, на охриѓанки во очи на меѓународниот ден на жената 8 ми март, им подари Младинскиот Совет од Охрид. Настанот се одржа во просториите на охридско лето и истиот се реализираше во соработка со музичкото училиште Методи Патчев.
„Одлучивме да направиме настан со кој не едно место ќе ги  собериме жените кои значат нешто и со кои сме имале соработка или ќе имаме во периодот кој што ќе следува“, вели претседателот на Младинскиот совет, Димче Каневче.

„Првостепено беше да се видиме со тие жени и да им се одолжиме на некој начин за нашата соработка која Uspesni ohriganki ја имаме со нив и да им се заблагодариме. Празникот само го одбравме како повод, затоа што сметаме дека еден ден во годината не е доволно за да им се посвети внимание на жените, но го одобравме како повод и тие да се видат поразговараат и да им понудиме букет од убави песни и раскази и музички творби кои се дел од литературниот клуб „Поема“ кој функиционира во младински совет Охрид и во соработка со музичкото училиште Методи Патчев“, истакна претседателот на Младински Совет, Димче Каневче.

На денешната средба свои творби. Но и творби од познати европски и македонски авторки  читаа членовите на литературниот клуб ,,ПОЕМА кој работи како дел од Младински Совет Охрид, а со свои музички точки се претставија  ученици од музичкото училиште ,,Методи Патчев“.
Скромен но сепак уникатен подарок за охриѓанките од јавниот, културниот, политичкио, општетствениот живот кои секоја на свој начин дала продонес во унапредувањето на статусот на младите во нашата општина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top