Бакрачески ветува многу проекти за развој на спортот во Охрид

ВМРО ДПМНЕ во изборната програма значајно место посветува на развојот на спортот.

 |  Маленкова Татјана  | 
nikola bakraceski - tabla
никола бакрачески – табла

Доколку д-р Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата победи на престојните локални избори ветува дека ќе направи се за нашиот град  да се развие во туристичка, спортска и рекреативна смисла.  
„Долго време Охрид е во исчекување на неопходни објекти кои ќе му дадат препознатлива димензија. Во насока на развојот на спортот по моето доѓање на позицијата градоначалник како прв најзначаен проект кој ќе го реализираме ќе биде изградба на долго очекуваниот и долговетуваниот затворен олимписки базен, кој ќе се гради според сите меѓународни стандарди и кој ќе ги задоволува сите олимписки норми“ истакна Бакрачески и додаде дека со овој проект конечно ќе ја продолжиме традицијата на нашите предци и ќе овозможиме развој и унапредување на талентирани млади луѓе.

„Ќе го развиваме спортскиот дух во градот и здравите навики, но во исто време ќе овозможиме и рекреација Nikola Bakraceski - kandidat za gradonacalnikна сите граѓани во текот на целата година, а секако наша цел како и она што постојано го промовираме ќе биде и социјалната компонента на овие проекти, а тоа е овој базен со помошните компонети кои ќе ги има да биде корисно место за социјални активности односно за сите.
Овој базен ќе биде изграден на локацијата на спортско рекреативниот центар Атина Бојаџи и ќе биде изграден со финансиски средства од буџетот на Р Македонија“, вели кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески.

Покрај олимписки базен Бакрачески ветува и изградба на повеќенаменско спортско игралиште во село Лескоец кое ќе биде опремено со сите технички помагала, реквизити и осветлување по меѓународни стандарди, со што како што кажа ќе му се даде нова димензија  во спортскиот, забавниот и рекреативниот живот на жителите од овој дел на Охрид.  Од останатите спортски проекти Бакрачески го издвои проектот за изградба на  двоен терен за тенис како и спортски игралишта за  одбојка и фудбал на песок, во Воска и Даљан.
Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ вети дека и понатаму кампањата која ќе ја води ќе биде како и досега позитивна. „Манупуација, шпекулација, подметнувања, лажни обвинувања   и клеветења ми се туѓи термини и ниту некогаш сум имал намера, нити сега имам да се занимавам со такви ниски работи и да ги коментирам“, истакна Бакрачески. На обвинувањата кажани од неговиот противкандидат дека програмата е копија, Бакрачески  со одговор:  

„Сите вие знаете дека за да препишете нешто, за да направите плагијат, за да направите копија  и за да превземете нешто ни треба оргинал. Оргиналот ниту јас , а неверувам дека ниту никој од вас новинарите, ниту граѓаните на Охрид досега не го видел. Можеби некаде постои, веројатно некога ќе имаме прилика да го видиме. Во овие осум години тој оргинал не го најдовме. Можеби во тек на изградба на нашите проекти кога ќе правиме ископи и ќе го најдеме. Ова е нешто со кое ние настапуваме  Ова е реална вредност“, истакна Бакрачески.

Кандидатот за градоначалник запраша,  доколку претпоставевме дека тој оргинал и таа  програм постои каде се проектите? „ Според ветувањата,  ние за 8 години требаше да имаме 8 базени, 8 автобуски станици, 8 катни гаражи , 8 зелени пазари…
Тој  уште додаде дека доколку биде градоначалник со него ќе работи тим од професионалци, а дел од тој тим ќе бидат и луѓе кои одлично ја познаваат работата за финансирање и буџет .  ВМРО ДПМНЕ уште сега имала изготвено стратегија како локалната да ги намали огромните долгови натрупани во изминативе 8 години и како да ги одблокира сметките на ЈП.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top