Вистинската слика се случува вечерва. Ова е Охрид и овде се само охриѓани кои по трет пат ќе ми ја дадат довербата за градоначалник, бидејќи тие добро знаат кој е од народот и за народот, изјави Александар Петрески, кандидатот на „Сојузот на иднината“, од Охрид, на синоќешниот митинг.
Охрид не го даваме. Вака се обрати Александар Петрески кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојуз на иднината“ , на митингот кој синоќа се одржа на градскиот плоштад, од каде што всушност Петрески и официјално ја започна својата кампања. Петрески на своите симпатизери кои вчечра излегоа во голем број да го поддржат, им предочи дека следуваат многу непроспиени ноќи, тешки утра и уште потешки денови, за да успеат во намерата да се зачува светоста на градот. Тој исто така со остра реторика во неколку наврати се обрати до Премиерот Груески.
„Само премиер како Груески може да рече дека сум заспал на средбата со некој Бандини чии блиски рекоа дека се вљубени во него и неговата Влада“ – изјави Петрески.
Петрески пред присутните обелодени дел од проектите на кои ќе се посвети доколку по трет пат ја добие довербата на охриѓани. Тој вети бесплатен превоз за пензионерите, бесплатна ужина за основците, отварање на средно музичко и фискултурно училиште во Охрид како и отпочнување на проектот на гасификација. Но, не испушти уште еднаш да обвини дека многу негови проекти се украдени и блокирани од страна на актуелната Влада.
„Градскиот пазар, Автобуската станица, проектот за Галичица, спратната гаража,проекти кои не само што се наш предлог, туку истите се оддамна готови и чекаат само одобрување од нивна страна, од нивниот министер од нивниот премиер“– вели Петрески.
Бојкотот е прекинат но отпорот продолжува до конечна победа, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенкоски. Тој ги повика охриѓани да не го чекаат септември, бидејќи според него точно сега на Локалните избори охриѓани имаат можноста во еден ден да издвојуваат две победи, победа за Локалната власт и казна на Централната власт, поради нивната 7 годишна незаинтересираност за Охрид. Црвенкоски нагласи дека на Петрски му оддава посебно признание, поради неговата 8 годишна истрајност од тортурата што ја трпи од Централната власт.
„Ако некој градоначалник бил изложен на специјална војна од оваа власт, на перманентна контроли, закани, пријави, на медиумски хајки, дискредитации, на разно разни лаги, конструкции, тоа е тој. И никогаш не го скршија, никогаш не го уплашија, никогаш не го поколебаа. Не само што ги издржа туку достоинствено им се спротиставуваше им пркосеше и секогаш на крај ги победуваше“– потенцира Црвенкоски.
На синоќешниот митинг свое обраќање имаше и Митре Вељаноски, пратеникот на СДСМ, кој се осврна на проектите кои власта ги ветила а не ги исполнила.
„Господине Груевски, треба да дадете одговор каде е автопатот од Гостивар до Охрид што го ветивте пред 7 години каде е автопатот од Битола до Охрид, каде се фискултурните сали за кои 6 пати фрлавте камен темелници“.
Синоќа на митингот свое обраќање имаше и Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО – НП. На митингот не беа промовирани кандидатите за советниците од здружената опозиција бидејќи постапката за нивно утврдување сеуште трае.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град