Завршија зимските тестови во F1

Зимските тестови пред стартот на сезоната 2013 во Формула 1 завршија. Најбрз во четвртиот и последе ден од третата серија тестови во Шпанија беше Нико Розберг.

 |  Голабовски Крсте  | 
zimski test f1
зимски тест ф1

Зимските тестови пред стартот на сезоната 2013 во Формула 1 завршија. Најбрз во четвртиот и последе ден од третата серија тестови во Шпанија беше Нико Розберг.

redbul bolidПилотот на Мерцедес запиша време 1:20.130 минути и така го подобри постигнувањето на тимскиот колега Луис Хамилтон од саботата.
Обиколката на Розберг е најбрзата од двете сесии на патеката “Каталонија”.
Втор во вчерашниот пласман остана Фернандо Алонсо со +0.364 заостанување од Розберг. Трето најдобро време даде Џенсон Батон, а Нико Хулкенберг се нареди четврти.

Најбрзата обиколка на Себастијан Фетел беше доволна само за осма позиција.
Вчерашниот мина мирно, без црвени знамиња и големи технички проблеми.
Првата трка од календарот е во Австралија на 17 март.

Резултатите од последниот ден:

1.Нико Розберг (Мерцедес) 1:20.130 минути
2.Фернандо Алонсо (Ферари) 1:20.494 мин.
3.Џенсон Батон (Мекларен) 1:21.444 мин.
4.Нико Хулкенберг (Заубер) 1:21.541 мин.
5.Кими Раиконен (Лотус) 1:21.658 мин.
6.Пол ди Реста (Форс Индија) 1:21.664 мин.
7.Пастор Малдонадо (Вилијамс) 1:22.415 мин.
8.Себастијан Фетел (Ред Бул) 1:22.514 мин.
9.Валтер Ботас (Вилијамс) 1:22.524 мин.
10.Шарл Пик (Кетерам) 1:23.115 мин.
11.Жул Бјанки (Марусија) 1:23.167 мин.
12.Даниел Рикардо (Торо Росо) 1:23.628 мин.
13.Макс Чилтон (Марусија) 1:24.103 мин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top