Експресно изгласани 114 одлуки за легализација

Охридските советници од мнозинството синоќа за само за еден час ја решија судбината за легализација на 114 бесправно изградени објекти на подрачјето на општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
petreski
петрески

Доцна синоќа Советот на Охрид усвои одлуки за легализација на 114 бесправно изградени објекти во општината. Иако уште на почетокот на 60 сетата седница советничката група на ВМРО- ДПМНЕ побара одложување на истата поради сензибилниот период пред Локалните избори, како и поради опомената на Комисијата за спречување на корупција, дека не е добро точките од урбаната сфера да се донесуваат во овој период, тоа воопшто не ги заинтригира советниците од охридската позиција за можните последици поради експресното донесување на 114 те точки, вели советникот Борче Стефаноски од ВМРО – ДПМНЕ. sednicaТој додава дека останале доследни на нивниот став оти нема да присуствуваат на никакво продолжение на седницата, не дека се против донесувањето на точките за легализација, туку поради почит кон известувањето на антикорупциската комисија,но искрено не очекувале продолжение на седницата.

„Добивме некој впечаток од нивна стртана дека воопшто нема да се одржи продолжение. Меѓутоа тие прво ја закажаа за 18 часот па ја презакажале за 21 часот и експресно ги изгласале сите одлуки, што според нас е недопусливо. Ние го кажавме нашиот став.  Не се изјаснаа точно дали продолжението ќе биде по една точка или по сите, едноставно претседателот на Советот Душко Јаковчески едноставно кога ја прекина седницата кажа дека продолжението ќе е во 18 часот. Иначе се дискутираше дека треба да биде продолжението по една точка“.

Претседателот на Советот, Душко Јаковчески, вели дека се е согласно законот.  Тој тврди дека Комисијата за спречување на корупција до него нема доставено официјален допис,  но на веб сајтовите утрово го видел барањето на комисијата.

„Да ви кажам откако го прочитав тоа барање, заклучив дека правилно постапив што се одржа седницата, бидејќи во тоа барање не пишува зошто да не се одржи седницата. Само во една реченица општо е кажано дека одржувањето на ваква седница е спротивно на режимот на законот за заштита на корупцијата. Навистина јас законот го разгледав и единствена интенција на законот е да не се трошат буџетски средства.“

Сепак тајминогот на продолжувањто на седницата, 21 часот е помалку збунувачки не само за советниците на ВМРО- ДПМНЕ туку и општо и за јавноста. Јаковчески со одговор.

sednica„Толку дојде времето, сколоп на околности затоа што во 18 закажавме по барање на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ за одложување на седницата јас тогаш ја одложив за 18 часот, бидејќи не дојдоа тие малце очекувавме причекувавме дали ќе дојдат и услови имаше во 21 часот“.

На седницата 12 советници дадоа зелено светло по сите предлози, освен за одлуката за легализација на бесправно изградениобјекти во Градиште, поради тоа што тој имот е сеуште во постапка за денационализација. Итноста од донесувањето на 114 те одлуки за легализација на бесправно изградени објекти, претседателот на Советот ја образложува, како голема потреба и притисок на засегнатите граѓани да си ги решат егзистенционалните потреби што со децении не можеле да ги надминат. Но сепак се наметнува прашањето зошто досега не се работеше со толкав интензитет кога знаеме дека не стотина туку илјадници предмети стојат во папки во локалната самоуправа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top