Одложена 60 тата седница на совет.
И покрај желбата на советниците да застанат на страната на граѓаните, да ги разгледаат и прифатат стотината Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација или легализација на дивоградби, сепак советниците го прифатија предлото на ВМРО ДПМНЕ дека денеска не е вистинско време да се дискутира за дивоградбите. Причина за оваа одлука е препораката на антикорупциска комисија дека незаконски е во овој период да се носат вакви одлуки.
„Ние како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коализцијата сме за одлагање на сите точки за легализација од причина што и локалната има добиено известување од антикорупција дека немо да се донесуваат вакви одлуки во овој период. Основната причина е таа инаку ние како советничка група и на минатата седница, но и во иднина ќе носиме вакви одлуки без никаков проблем. Во моментов не смееме да одиме против известувањето на антикорупциска комисија“, истакна советникот од ВМРО ДПМНЕ Борче Стефаноски.
И покрај тоа што со овој став на ВМРО ДПМНЕ се сложија сите советници, сепак советникот од СДСМ Ѓоре Танасоски побара на 60 тата седница да се дискутира барем за точката која се однесува за Пештани, затоа што како што кажа не се работи за три катастарски парцели, туку за 49 кои се во процес на денационализација односно во постапка за враќање на имотите.
„Јас дадов предлог моите колеги да бидат против, затоа што ако ја прифатиме луѓето ќе ги ставиме во многу понезавидна ситуација. Со самото донесување на оваа предлог одлука ќе можат од страна на корисниците кои имаат поднесено барање за легализација на објектите во автокампот Градиште да ја завршат таа легализација и по автоматизам ќе можат да го приватизираат земјиштето под објектите. Заначи ќе
му се загорчат уште поголеми проблеми на барателите од село Пештани. Имаме пресуди од управен суд од второстепена комисија од влада каде се уважуваат сите барања жалби на самите баратели“, истакна советникот Ѓоко Танасоски.
Засегнатите граѓани од Пештани сетаат дека за сите нема исти аршин. Жител од ова село вели дека со донесувањето на законот за денационализцијата во Градиште МЗ Пештани парципира со површина од 15 хектари во која засегнати се околу 36 семејства, 39 парцели во кои гравитираат 200 семејства.
„Легализацијата би се одразила негативно затоа што на некој начин губиме верба во враќање на нашите имоти. За тоа место се бориме 12 13 години неколкупати сме биле и во владата каде ни беше ветено дека работите во Градишете ќе бидат завршени во наша корист. Во Градиште партиципира и МПЦ на која по кратка постапка имотот му е вратен“, вели жител на Пештани, Наум Цаноски.
Претседателот на советот Душко Јаковчески го објасна законот за антикорупција и образложи дали и каде овие одлуки се косат со законот.
„Закон за антикорупција го имам проучено. Во сите членови апсолутно не гледам пречка за овие точки од дневен ред да не се прифатат, односно да не се закажи и да не се одржи седница. Укажувања од министерство има да се убрза процесот на легализација и не само тоа туку кажано е дека ќе има и соодветни санкции ако овие точки се одложуваат и ако не се донесат благовремено и навремено“, истакна претседателот на советот Душко Јаковчески.
Советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски пак смета дека владата сериозно треба да размисли дали и во иднина советите да одлучуваат за лагализација на објекти, затоа што според него тие не се стручни. Негова препорака е за овие предмети да одлучува комисија составена од стручни лица.
„Сметам дека ова е лошо законско решение и сметам дека советите треба да се иземат од разгледување на овие одлуки на совет. Затоа што невозможно е сите овие одлуки да се разгледаат на една седница. Во Охрид има 5 до 6 000 предмети, на една седница може да се разгледаат стотина вакви точки. Рачунајте колку години ќе се потребни за сите овие точки да бидат разгледани и да бидат усвоени и да им се излези во пресрет на граѓаните, а од друга страна ние не сме експерти и мисам дека за ова треба да разгледуваат експерти и да се формираат посебни комисии“, истакна советник ВМРО НП, Јоне Станкоски.
Каква ќе бидесудбината на оваа точка која ги засега голем број жители на Пештани, одговор ќе даде продолжението на седницата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град