• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Советниците од ВМРО ДПМНЕ бараат седницата каде ќе се расправа за легализација да се одложи

Советниците од ВМРО ДПМНЕ бараат седницата каде ќе се расправа за легализација да се одложи

Охридските советници неделава ќе ја завршат со две седници и полни раце работа.

 |  Маленкова Татјана  | 
legalizacija dovogradbi sovetnici
легализација дивоградби советници

Најавени две седници на совет. Најголем дел од точките за кои ќе треба да расправаат советниците во петок се однесуваат на предлог одлуките за утврдување потреба од донесување на урбанистичка планска документација за усогласување на намената на земјиштето. Токму овие точки трн в око на советниците од ВМРО ДПМНЕ.  Претседателот на комисијата за урбанизам од ВМРО ДПМНЕ, Горан Патчев за ТВМ вели дека партијата го подржува  процесот на спроведување на законот за постапување со бесправно изградени објекти и да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните да си ги решат долгогодишните проблеми со статусот на нивните имоти. Но тој додава дека тие не се сложуваат со предлагачот дека за овие точки советниците треба да расправаат во предизборен период.

„Меѓутоа во предизборен период е недозволиво да се стават на дневен ред на седница, предмети за legalizacija dovogradbi sovetniciлегализација, поради можноста од манипулација со граѓаните и добивање дневно политички поени за работи кои не се завршиле до сега навреме. Политички е некоректно да се носат вакви решенија во предизборен период. Тоа може да се почека уште месец дена па комисиите да си продолжат со работа. Уште треба да се нагласи дека Охрид е специфичен поради старото градско јадро каде дел од предметите за легализација се решаваат во министерството за транспорт и врски и потребно е мислење од управата за заштита на културно наследство“, вели претседателот на комисија за урбанизам од ВМРО ДПМНЕ, Горан Патчев.
 
Патчев вели дека комисиите кои се задолжени за спроведување на процесот на легализација, можат да продолжат со редовната работа и напоменува дека поради специфичноста на старото градско јадро на Охрид,  дел од предметите одат во министерството за транспорт и врски со прибавено мислење од Управата за заштита на културното наследство дали може или неможе  да се легализираат, поради можноста некои од дивоградбите директно да ја нарушат автентичноста и амбиенталната целина на заштитеното културно наследство.
„Рокот сеуште трае и нема потреба еден месец пред избори да се носат такви решенија“, вели Патчев.
Спротивно на ова за претседателот на Советот Душко јаковчески, но и за локалната самоуправа несватливо е тоа што за кусо време, советничката група на ВМРО- ДПМНЕ ги менува ставовите.  

legalizacija dovogradbi sovetnici„Го слушнав јас ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, искрено не ми е баш јасен затоа што иста таква седница со исти точки имавме пред неполн месец и ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ така и настапија ги изгласаа сите точки кои беа на дневниот ред  за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти. Седницата јас ја закажав, теоретки е возможно градоначалникот да ги повлечи  овие точки, но негледам потреба… Може или да се прекини или одложи, но и за ова не гледам потреба затоа што ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ беше на минатата седница овие точки да ги гласаат за затоа што станува збор за работи кои ги тиштат граѓаните и се решаваат нивните проблеми“, вели претседател на советот, Душко Јаковчески.

Јаковчески е категоричен дека овие точки на дневен ред се ставени поради интересот на граѓаните. Токму поради тоа вели престседателот на советот  не гледам причина зошто да се повлекуваат овие точки и седницата да се одлага за после изборите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top