Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на ФТУ.
Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на Факултетот за туризам и угостителство. На средбата со ректорот на Св. Климентовиот универзитет и деканот на ФТУ разговараа за младите и претприемништвото и за тоа како да се развие економијата во Македонија, а стана збор и за размена на универзитетски професори.
Амбасадорот оствари средба и со студентите на факултетот, каде отворено им говореше за летната размена што може да ја остварат во САД кога можат да стекнат дополнителни искуства но и да заработат.Волерс искажа уверување дека за скоро време и Македонија ќе биде една од земјите на кои ќе им биде олеснат начинот за добивање на визи и покрај тоа што нашата земја моментално не влегува во таа програма. Амбасадорот е категоричен дека со овие проблеми не се соочуваат студентите кои сакаат да ги доусовршат своите знаења, и додаде дека е задоволен што нивниот број постојано се зголемува.
„Точниот број не го знам, но знам дека стотици студенти заминуваат на работа на „work, travel“ програмите и формирваме една асоцијација на студентите и убаво е да се контактира со нив и да се слушнат нивните искуства“, вели амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
Силната подршка која САД и ја дава на Македонија ја потврди и ректорот на Св. Климентовиот универзитет проф. Д-р Златко Жоглев. Тој образложи дека најголемата подршка американската амбасада ја дава преку програмите на УСАИД, преку кои се реализирани повеќе проекти. Жоглев истакна дека Битолскиот универзитет има одлична соработка со универзитетот од Северна Каролина, но и со универзитетот Френклин во Охајо.Ректорот го образложи и начинот на кој студентите најбезболно може да заминат на доусовршување во САД.
„Би им препорачал на студентите кои сакаат да заминат пред се да се обратат во нашата канцеларија за меѓународна соработка,затоа што во рамките на таа канцеларија имаме луѓе кои се информирани и имаме контакти со агенции кои испраќаат студенти во САД, би ги замолил да бидат внимателни затоа што има и агенции кои не се одговорни и имавме непријатни ситуации и за да не се случат такви настани да им биде ветувана работа, а кога е одат таму нема, најдобро е помош да побараат и во нашиот универзитет или да користат искуства од студенти кои веќе биле“, вели ректор на Св. Климент Охридски, проф. Д-р Златко Жоглев.
Деканот на ФТУ проф, д-р Сашо Коруновски истакна дека не е случајно што амбасадорот Пол Волерс е гостин на ФТУ. Тој додаде дека ФТУ веќе 15 години е член на СИ СИ АЈ ДИ асоцијацијата на колеџи во САД и дека постојано се во контакт со американското дипломатско претставништво во земјава.
„Ние реализираме еден проект заедно со амбасадата во Скопје и можам да кажам дека во рамките на тој проект ќе биде отворен американскиот центар на ФТУ, сега сме во тек на активностите. Во текот на април двајца професори експерти од туризмот од Америка ќе дојдат кај нас ќе држат предавања и со помош на нашата техника предавањата ќе бидат истовремено и за американските студенти и за македонските во исто време, поточно далечински ќе се пренесува“, вели деканот на ФТУ проф. Д-р Сашо Коруновски.
„Амбасадорот денеска ги промовираше можностите за работа на нашите студенти во Америка. Сакам да нагласам дека ние сме флексибилни и оние кои ќе заминат на таквата програма ќе им го признаеме тоа како пракса, дел од нашата студиска програма“, додаде деканот Коруновски.
Деканот додаде дека на факултетот во тек е акредитација на студиска програма за англиски јазик со двојна диплома со универзитет од Германија. Оној студент кој ќе ја заврши оваа програма на англиски јазик,ќе добие диплома и од универзитетот Св Климент Охридски, но и од универзитетот во Еберсвалде во Германија. Оваа новина треба да започне од септември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град