Интерактивни табли и во Охрид

Класичните табли, кредите и сунѓерите заминуваат во историјата.

 |  Маленкова Татјана  | 
smart tabli
смарт табли

Смарт табли во ОУ Братство Единство и Христо Узунов. Ова се двете Охридски училишта кои се пријавија на конкурсот објавен од министерството за образование и наука, и при тоа ги исполнија условите за да добијат една од 60 те табли кои ги обезбедија министрството и македонски телекомуникации.  Од првиот момент од како таблите се инсталирале, истите се ставени во употреба и достапни за сите професори и  ученици.

Професорката по информатика Марија Пупинова Гогова признава дека имало одредени критериуми според smart tabliкои се распределувале таблите, како што е колку обуки биле посетувани  од страна на наставниците за компјутерска и информациска технологија и кои награди се освоени за користење на технологија . Таа додава дека е среќна што ОУ Братство Единство исполнувајќи ги сите критериуми, многу заслужено ја доби таблата.  

Интерактивната табла има огромни предности.  На оваа табла учениците голем дел од она што го изучуваат може и да го видат,  таблата има многу добро озвучување, а на неа може да  се погледнат и многу симулации кои ги направиле професорите или пак трудови кои ги превзеле од други наставници. Во процесот на учење згодна е за работа во група. Што се однесува до процесот на вежбање има прекрасни интерактивни игри како што се квизови, меморија, сложувалки мисловни мапи и слично. Во процесот на подредување пак , учениците може да ги подредуваат поимите и истите да ги класифицираат во различни групи,  да ги  поврзуваат и слично.
Покрај за учениците интерактивната табла има предности и за професорите.

smart tabli„Голем број од работите кои се пишуваат на таблата се зачуваат и може да се вратат назад да се повикаме на она што сме го зборувале претходно. Многу од часовите може да се применат со другите оделенија да не биди часот само за едно оддление. Истиот може да сними и потоа истиот час да се примени со сите одделенија, може во вид на видеа да се остават и до други наставници да се направи размена меѓу училишта. Предноста најголема за наставниците е што овој софтвер е прилагоден за три оперативни системи linoks, windows I mek, зависно од тоа кој наставник каков компјутер има“, вели професорот Марија Пупинова Гогова.

Гогова додава дека наставниците кои беа присутни во составувањето на апликацијата веќе ја добија првата обука во Битола, а оваа недела или следната ќе се спроведе обука и за останатите наставници, затоа што таблата педвидено е да ја користат сите професори од прво до осмо одделение, како и дефекторлогот во наставата за децата со посебни потреби.  
Гогова открива дека во план е да се направат и отворени часови за професорите од останатите училишта, со цел и тие да се обучат како се работи со овие табли.

Дознаваме дека откако била инсталирана таблата најпрво децата биле започнаени на кој начин таблата, може да биде оштетена.
Од она што го видовме повеќе од сигурни сме дека не само професорите, туку и децата ќе направат се оваа табла да им трае што подолго.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top