Поради затната цефка од атмосферската канализација, утрово се поплави патот од Св. Стефан до кардиолошки. Некои граѓани коментираа дека постојано се случува ова и никако да се најде трајно решение. Екипите од ЈП Нискоградба после дојавата за дефектот веднаш излегоа на терен и го отстранија.
Патот од Св. Стефан до кардиолошки утрово наликуваше на река , велат граѓаните кои поминале тука. Тие додаваат дека ова не е прв пат да се поплави оваа улица.
Некои граѓани кои работат во овој дел од градот зад нашата камера коментираа дека постојано се случува ова и никако да се најде трајно решение. Тие велат дека проблем е тоа што цевките за атмосферската канализација се многу тесни па и при помали врнежи од дожд неможат да ги приберат водите кои се влеваат во нив и носат наноси од земја и гранки.
Екипите од ЈП Нискоградба после дојавата за дефектот веднаш излегоа на терен. Се констатира дека е затната една цевка од атмосферската канализација. Со специјално возило интервенираа за да ја одзатнат цевката. Причина за излевањето на водата беа корењата од трвата кои ја имаа затнато цевката.
Од Нискоградба велат дека вакви интервенции во текот на денот имаат 5 до 7. Причина за тоа најчесто се корењата од дрвјата, ама и пластичните шишиња. Многу често се затнуваат цевките и од фекалната канализација. Од ова јавно пртпријатие апелираат до граѓаните да не фрлаат отпадоци во канализацијата особено употребените влажни марамчиња да не ги фрлаат во вц шољата. Велат дека со природата не можат да се борат, ама барем повеќе да проработи свеста на граѓаните, па тие да бидат посовесни каде и што фрлаат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град