Започна исплатата на штетите од земјотресот во Дебрца

Започна исплатата на штетата предизвикана со земјотресот кој ја затресе Дебрца во 2012 год.

 |  Маленкова Татјана  | 
isplata steti zemjotres Debrca
исплата штети земјорес Дебрца

Семејствата од Дебрца чии имоти беа оштетени  во земјотресот кој се случи во месец јуни минатата година, конечно ќе добијат надомест за претрпената штата. По неколкуте увиди на епицентралното подрачје кои ги направи вице премирот Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, како и комисијата за проценка на штата при локалната самоуправа, до владата беа испратени 453 барања за финансиска помош. Од нив 6 биле одбиени, поради нецелосна документација.isplata steti zemjotres Debrca

Дознавеме дека комисијата за проценка на штети по увидот констатира оштетување на имотите на луѓето во висина од 24 милиони 493 630 денари. Од овие пари пак Владата одобрила 4 милиони 829 700 денари, пари кои семејставата ќе ги добиваат по категории.  
Комплетната исплата треба да заврши до крајот на овој месец.

Земјотресот со јачина од 6  степени според Европската макросеизмичка скала , се случили на 7 ми јуни минатата година. Епицентарот на земјотресот беше во Илинска планина. Земјотресот предизвика материјална штета врз голем број семејни куќи, а ги исплаши и жителите од овој дел на Дебрца.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top